Ако не друго, но мора да се признае дека почетокот на мандатот на претседателот Трамп е навистина бурен, веднаш може да со востанови разликата на модел на владеење и функционирање на класичен политичар-бирокат (како левичари) и владење и функционирање на “десничар“-предприемач и финансиски магнат како што е претседателот Трамп. Гледано со јасна диоптрија, неговиот фокус е насочен кон национална економија со која ќе се обиде да ја направи Америка одлична повторно слоганот (MAGA) и со тоа да се посвети на своите граѓани на кои навистина им должи. Но сепак, не е дека надворешната политика му е ставена пострана, напротив тука го истакнува новото лице во американската политичка сцена потпретседателот ЈД Ванс, 40 годишен Сенатор од Охајо млад и симпатичен политичар кој манифестира силни семејни вредности и претставува нова политичка енергија која треба да биде иднината на слоганот (MAGA).
Викендов имавме прилика да ги слушнеме пораките на претседателот Трамп преку силната реторика на новата политичка ѕвезда потпретседателот ЈД Ванс во Михнен на безбедносна конференција кој многу остро ја критикуваше состојбата со слободата во Европа, при што посебно го издвои Обединетото Кралство, кои при тоа се надвор од официјална Европа Унија, исто така упати остри критики на посветеноста на Европа кон демократијата и темелните вредности, но и серија други критики како што е коментарот за одлуката на уставниот суд на Романија за откажување на романската претседателска трка поради сомневање за руско мешање (иако новиот непријател на Америка ќе биде Кина).
Ова не би можело да биде моја реплика во ниту еден случај оти не сум присуствувал на тој настан, но факт е тоа дека Европа со сите свои мани е најдемокртична творевина градена со векови (Стара дама) каде високо се почитуваат правата и слободите, затоа секој еден поединец има желба да мигрира токму во најсилните држави на ЕУ поради силните цивилизациски придобивки и можноста генерира личен и семеен успех преку остварување на своето право на живот, работа и социјален мир. Интересно е тоа дека после тие директни критички пораки кон ЕУ лидерството, највеќе европските лидери ги погоди податокот дека во преговорите со Русија нема да има претставници на Европска Унија и Украина.
Ова предизвика флеш реакција особено кај францускиот претседател Маркон кој ургентно ги собира европските лидери на неформална (неофицијална) средба во престолнината на Франција Париз за да разговарат околу состојбата со Украина и игнорирање на Европа од тој процес (можност за нов безбедносен систем), но лично сум убеден дека претседателот Трамп може да има силно влијание за прекин на војната во Украина (што можеби не им одговара на воената индустрија). Таргетот не ми е САД тука Европа која за жал во моментов нема лидерство како што беше во времето на канцеларката Меркел која со својата скромност и пред се некорумпираност се наметна како силен лидер за идина и развој на обединета Европа. Можеби малкумина знаат дека во тој период поранешниот канцелар на Германија Шредер беше поставен за надворешен советник на руската нафтена компанија “Гапсром“ која воедно беше главен спонзор на највлијателното европско спортско движење “Лига на Шампиони“ во фудбал, и самиот Шредер живееше периодично во хотел Кемписки во центарот на Москва, Русија за што и лично сум сведок. Затоа, би сакал неформалниот состанок на европските лидери денес да демонстрира сила и единство во своите ставови за што не сум до крај сигурен дека францускиот претседател Макрон има авторитет да го превземе приматот на новиот лидер на ЕУ како што тоа беше канцеларот Меркел.
Сепак, титаните нека се борат и надмудруваат меѓусебно, на таа голема шаховска табла на која пред се е потребно мудрост и сериозност, а за нас како мала држава (иако не сме воопшто во фокусот) е значајно дали би можеле да профитираме во таа титанска арена на Европа наспроти САД, дали тој нефокус сега би можела да биде предност за Западен Балкан. Сега е прилично прецизно време за Европа дури и од таквиот неформален состанок да испрати јасна порака на земјите од Западен Балкан за нивно пристапување кон ЕУ, и намалување на руското влијание на овие простори, но во исто време и одлична можност да се решат отворените прашања кои треба да го гарантираат нашето полноправно членство во Европската Унија.
Е тука, домашна политика СДСМ како партија ги направија сите отстапки кои можеа да ги направат како партија за тој европски пат, и со самото тоа ја платија цената со најубедлив и најтежок пораз на едни избори досега (имаше и други пропусти). Но она што е значајно кај нас за развој на демократијата е тоа дека таа партија мора да опстои и да профунционира како едниствена опозициона партија која ќе биде коректив на власта особено во делот на европскиот пат, бидејќи и во минатото знеала да биде тоа и верувам ќе продолжи да биде. Партијата СДСМ е исправена пред сериозен предизивик како внатрешно (партиски) така и од надворешни (вонпартиски) влијанија кои имаат задача првин да ја растурат (во што би можеле да успејат) за да потоа ја присоединат со друга партија (но тоа се сепак сценарија). Затоа за разбивање на овие сценарија верувам дека сегашниот претседател на СДСМ ќе најде сили и ќе настојува да ги пресретне со што би ја издигнал партијата од бездната во која се најде.
Од друга страна, паријата на власт ВМРО-ДПМНЕ со голема веројатност после локалните избори на кои ќе бидат победници и со самото тоа што ќе ја имаат апсолутната власт конечно ќе мораат да голтнат една тешка одлука за која одлука пред се ќе мораат да реферираат пред сопственото членство и нивните силни (цврето јадро-крајна десница) поддржувачи. Ние останатите кои сме за продолжување на европскиот пат на Македонија им даваме силна поддршка да го затворат тоа прашање и да може на почетокот на 2026 година да го отвориме првото подглавје од предпристапните преговори “Темелни (фундаментални) вредности“ кое во најмала рака ќе ни донесе прва рата од 52 (педест и два) милиони евра кои ќе легнат на македонската сметка од Планот за раст.