Пишува: Проф. Иван Анастасовски
За жал не стивнуваат реакциите кои ги предизивика 47-миот претседателот Трамп. Кога гледате од страна претседателот Трамп делува лежерно, опуштено и комотно во своите изјави но и во своето поведение обавувајќи ја својата должност како прв човек на највлијателната држава во светот. Претседателот Трамп на многу директен и прагматичен начин декларира дека е време да се стави крај на војната во Украина, што остава впечаток дека тој е наклонет кон политиките на претседателот Путин, и нормално поради таквиот став “кујните“ почнуваат да шпекулираат почнуваат да дезавуираат, почнуваат да спинуваат со информации до степен за тоа дека претседателот Трамп е руски човек (ноторна глупост), реално претседателот Трамп е само отворен и директен (што му претставува проблем и остава простор за шпекулации) во меѓународните односи.
Но факт е тоа дека за прв пат имаме политики на отворен политички гард на САД наспроти политиките на Европа, па оттаму многу критичари на политиките на Европа почнуваат да ликуваат со стилот дека таа ќе се распадне дека нама сили да опстои и дека нашата држава е време да го промени курсот на политичкото делување (веројатно кон Русија), но сепак Европа како и секогаш во своето делување е дипломатична која се стреми кон усогласување на различни ставови на земјите членки внатре во Унијата, и при тоа почитувајќи го правото на секоја членка да го каже својот став што во јавност се остава впечаток дека е слаба, нерешителна, разединета и нормално дека нема да успее, но ќе успее и тоа многу како и секогаш во минатото и од тоа излегувала посилна и пообединета. Но таа иста Европа е децидна дека ќе поддржи иницијатива на претседателот Трамп доколку таа донесе траен мир, и овој став Европа многу јасно го декларира, впрочем и средбата на Претседателот на Франција Макрон со претседателот Трамп во Белата куќа го покажа тоа, но и покажа која е близината и поврзаноста на овие две многу значајни политички фигури. Претседателот Трамп му дава на важност на претседателот Макрон се со цел да го наметне како лидер на Европа наспроти најавите на идниот канцелар на Германија Мерц.
Но сепак, иако се надевав дека од неформалниот состанок во Париз во која беа само “подобните“ лидери од ЕУ ќе се испрати јасна порака до земјите од Западен Балкан на патот кон полноправно членство, сепак тоа не се случи, тука само се истакна уште еднаш силната поддршка за Украина, но сега и со можност истата да биде членка на ЕУ (што и Путин би се согласил) до 2030 година, нешто што делува фрустрирачки за нас кои веќе триесетина години сме определни на патот кон ЕУ и покрај сите пречки кои ни ги поставуваат европските бирократи. Но сепак, ако се сетиме на максимата “Per Аspera ad Astra“ факт е дека нашиот пат е многу повеќе од трнавит до конечната цел. Но онаа што вчера одекна како ехо е одлуката на нашата Влада да гласа воздржано за Резолуцијата на ЕУ во ОН, а воедно и ставот на нашата Влада беше усогласен со ставот на нашиот стратешки партнер САД (што е и релано) бидејќи отсекогаш тие се наш силен поддржувач за сите наши политики, и со тоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ се одлучува да заземе страна заедно со Унгарија која е членка на ЕУ и нашиот стратешки партнер САД во однос на политиките кон Русија, со надеж дека нема да ги загрози нашите политики кон Европска Унија.
Но на крајот на денот, ние треба да си го гледаме сопствениот двор и сопствените интереси, и загоа како мала држава за нас ќе биде добро да се држиме до максимата на Лорд Палмерстон британски државник и Премиер 1784-1865 кој истакна дека цитирам: „Немаме вечни сојузници и немаме вечни непријатели. Нашите интереси се вечни и вечни, а тие интереси е наша должност да ги следиме“.