Со цел да се изврши притисок врз властите во БиХ конечно да почнат да си ја вршат својата работа, во организација на Конзорциумот „Логистика на БиХ“, во понеделник околу илјада камиони ќе тргнат кон Сараево. Превозниците бараат од властите во БиХ да направат повеќе за да им го олеснат подолготрајниот престој на граѓаните на БиХ. Накратко – тие го сакаат само она што веќе го имаат возачите од соседните земји.
Доколку надлежните не ги слушнат, за 28 април се најавува целосен прекин на патниот сообраќај во земјава до исполнување на барањата. Иако Конзорциумот со години ја предупредуваше Владата дека нерасчистената состојба во транспортниот сектор постојано ќе ги зголемува општите трошоци, никој не ги слушна, велат оттаму. „Граѓаните на Босна и Херцеговина почувствуваа што значи оваа наша приказна. Цените на производите пораснаа, транспортните трошоци се зголемија затоа што институциите во Босна и Херцеговина не разбираат или не сакаат да се донесе решение“, изјави за Федералната телевизија Велибор Пеулиќ, главниот координатор на Конзорциумот.
Конзорциумот смета дека можело да се направи повеќе за да се промени таканареченото правило на ЕУ 90/180, кое, за разлика од другите, ги третира и казнува нашите возачи за подолг престој како туристи, а не како професионални возачи. „Досега испративме 25 дописи до различни институции, почнувајќи од собраниската Комисија за сообраќај до министерствата за надворешни работи, врски и транспорт“, вели Пеулиќ, пишува Кликс.ба.