20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:41
МАКТЕЛ

     

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМИТЕ ПОРАДИ ДОЛГ? Кризата може да го загрози меѓународниот авиосообраќај

      

Неуспешни беа обидите да се најде начин за исплата на околу 110 милиони конвертибилни марки (околу 56 милиони евра) долг, што произлегува од фактот дека владата на Република Српска го загуби арбитражниот спор со словенечката компанија Виадукт, која бараше отштета поради де факто раскинат договор за концесија за изградба на хидроелектрани на реката Врбас. Безбедноста на воздушниот сообраќај во Босна и Херцеговина е сериозно загрозена, а четирите постоечки аеродроми во земјата би можеле наскоро да бидат затворени поради долг што го направиле властите на Република Српска, а кој одбиваат да го платат, очекувајќи тоа да го стори државата БиХ, јави Хина. Синдикатот на контролори на летање денеска излезе со соопштение, предупредувајќи дека се подготвува вистинска криза која може да има последици не само за БиХ, туку и за безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај, односно за авионите што сообраќаат по коридорите над територијата на БиХ.

„Безбедноста на воздушниот сообраќај во БиХ е сериозно загрозена“, стои во соопштението. Ова е реакција на неуспешните обиди да се најде начин за исплата на околу 110 милиони конвертибилни марки (околу 56 милиони евра) долг, што произлегува од фактот дека владата на Република Српска го загуби арбитражниот спор со словенечката компанија Виадукт, која бараше отштета поради де факто раскинат договор за концесија за изградба на хидроелектрани на реката Врбас. За овој долг директна одговорност сноси актуелниот лидер на босанските Срби, Милорад Додик, кој како премиер на РС еднострано го поништи договорот за концесија. Виадукт го склучи тој договор уште во 2004 година со тогашната ентитетска влада предводена од Партијата за демократски напредок (ПДП). Додик подоцна ја додели новата концесија на „Електропривреда РС“, компанија под контрола на неговата партија. Кога стана јасно дека договорот на Виадукт веќе нема никаква правна важност, словенечката компанија побара отштета. Но, ниту Додик ниту неговата наследничка Жељка Цвијановиќ не прифатија спогодба или исплата од околу три милиони евра, потсетува Хина.

   

Виадукт ја тужеше владата на РС прво пред локалните судови, кои сите пресудија во корист на компанијата. Властите на РС одбија да ги почитуваат пресудите, па случајот заврши пред Арбитражниот трибунал во Вашингтон. Бидејќи РС не е субјект на меѓународното право, како тужена се јави државата Босна и Херцеговина. Судот пресуди во корист на Виадукт, доделувајќи ѝ отштета од околу 25 милиони евра, дополнителни пет милиони евра за судски трошоци и уште околу 30 милиони евра за затезни камати. Освен тоа, секој ден доцнење во исплатата носи нови камати во износ од девет илјади евра. Владата на РС, предводена од Цвијановиќ во 2017 година, се обврза дека ќе ги исплати овие средства, но тоа никогаш не го стори. Поради тоа, Виадукт побара заплена на имот и средства со кои располага државата БиХ. Во моментов постои можност за заплена на објекти на Централната банка на БиХ – одлука донесена од судот во Мостар. Во меѓувреме, судот во Брисел наложи на EUROCONTROL да ги запре исплатите кон БиХ врз основа на такси за користење на воздушниот простор, односно прелет на авиони.

Оваа мерка директно ја погодува Агенцијата за обезбедување услуги во воздухопловна навигација на БиХ (БХАНСА), која се финансира од тие приходи и во чиј состав се и службите за контрола на летање. Синдикатот на контролори на летање предупреди дека укинувањето на финансирањето значи колапс на системот што мора да функционира беспрекорно 24 часа дневно. Кога ќе престанат исплатите од EUROCONTROL, надзорот над воздушниот простор над БиХ ќе можат да го преземат Загреб и Белград, но аеродромите во БиХ ќе мора да бидат затворени. Министерот за финансии на БиХ, Срѓан Амиџиќ, поставен од Додик, предложи државата да го отплати долгот преку зголемување на буџетот, што би го покриле солидарно двата ентитета. Но, премиерот на Федерацијата БиХ, Нермин Никшиќ, остро реагираше: – Не ми паѓа на памет да ги плаќам долговите на РС. Тоа можете да го обесите на мачката опашката. Во Бања Лука, властите не го ни споменуваат долгот, однесувајќи се како тој да не ги засега. Поранешниот правобранител на БиХ, Млаѓан Мандиќ, кој неуспешно се обидувал да ги убеди властите на РС да прифатат спогодба со Виадукт, вели дека во овој случај штетата ја нанела погубната политичка вмешаност и неспособноста на луѓето што ѝ служат безусловно на политиката. – Ентитетите ги добиваат сите бенефити, а сметките ги испорачуваат на државата, која не добива ништо. БиХ е единствената држава во светот што од концесиите има само штета, без никаква корист – изјави Мандиќ за Форбс БиХ.

    

Најново

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....