Поранешниот вицепремиер за европски прашања и амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски, вечерва во гостување на ТВ „21“ рече дека „да почекала малку земјава, ќе влегла во НАТО заедно со Финска и Шведска, и тоа со многу подобар договор од Преспанскиот“.
„Македонија има аргументи, живееме во век кога ничии идентитети не се спорни, замислете во Европа да излезе некој политичар и да каже еве пред Урсула фон дер Лајен, дека го спори идентитетот на оние што се чувствуваат трансџендер, па ќе го изедат. Значи за тоа немаме проблем, но имаме проблем со Македонци, како тоа е проблем македонскиот идентитет, каков тоа проблем Македонија да се вика како што сака, да си пишува историја како што сака, да има идентитет каков што го мисли“, рече Боцевски.