Министерот Бочварски изврши увид во реконструкција на локалната улица Борис Трајковски, која се реализира со проектот за поврзување со локални улици и патишта преку Министерството за транспорт и врски за која се инвестираат 12 милиони денари.Во општина Кочани преку Министерството за транспорт и врски се инвестира 1 милион евра за реконструкција на пет локални улици.
„Нашите одлуки носат посакувани резултати за граѓаните, а тоа се подобри услови за живот и подобар животен стандард. Тука во Кочани инвестираме 1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура, а денеска извршивме увид во улицата Борис Трајковски каде инвестираме 12 милиони евра. Сакам да најавам дека веднаш по завршување на оваа улица, продолжуваме и со реконструкција на улицата Гоце Делчев, тука во централното градско јадро, инвестиција од 15 милиони денари. Претходно во Кочани ги реконструиравме улиците Тодосија Паунов, Гошо Викентиев и Радо Кратовче со што значително ги подобривме сообраќајните решенија и улици низ градот. Покажавме подотвеност и одговоривме на барањата на граѓаните од Кочани. Тука сме да даваме поддршка и да ја оправдаме довербата која токму тие ни ја даваат.“ – изјави министерот Бочварски.
Преку овој проект Министерството за транспорт и врски директно инвестира средства во висина од 70 милиони евра во општините, а до сега реконструиравме над 180 локални улици и патишта во преку 60 општини низ државата.При денешната посета на општина Кочани, министерот изврши увид и во социјалната зграда од каде најави распределување веднаш после изборниот процес.