Се залагаме за покачување на минималната плата преку социјален дијалог и колективно преговарање меѓу работниците и работовачите и тоа за секој сектор посебно, изјави претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков кој денеска во Штип учествува на националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, а во организација на Здружението „Гласен Текстилец“. Тој истакна дека како Бизнис конфедерација протажираат сите работници да се организираат и здружуваат, за да преговараат во сите сектори, за да можат да си ја одредат минималната плата.
– Она што го кажавте дека Владата се повлече од овие преговори, мораме да кажеме дека ние ги поздравивме за овој мудар потег, бидејќи ние сонувавме работниците и работодавачите конечно да почнат сами, независно да се договараат и преговараат и затоа овој голем потег на очекувањето дека државата ќе влезе во оваа ќе ја наречам приказна минимал плата, мораме да го издржиме и самите да ги создаваме условите и затоа протажираме сами да се договараме во однос на минималната плата, вели Бошков. Тој рече дека договорањето меѓу работниците и работодавачите за висината на минималната плата треба да се одвива посебно во секој сектор преку колективните договори.