На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски истакна дека седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи поради тоа што Советот нема право да разрешува претседател на Управен одбор.„Седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи затоа што немаме право да разрешиме претседател на Управен одбор. Прва работа кој гласал, гласал. Втора работа, ако е исто Управен одбор член и претседател на Управен одбор тогаш зошто се бира претседател на Управен одбор? Исто било да си член на Управен одбор и претседател на Управен одбор.
Претседателот на Управен одбор го гласа управниот одбор на Јавното комунално претпријатие. Трета работа, ако има претседателот или членот на Управен одбор кривично дело каде што има забрана за вршење на дејност тогаш може да се разреши по закон, а не овде да го разрешуваме“, рече Бојковски.Бојковски запраша дали доколку се смени претседателот на Управен одбор, тогаш мислите ли дека ѓубрето утре ќе го нема низ Скопје и мислите дека претседателката на управниот одбор е виновна за ѓубрето?
„Овде тенденциозно е намерата да се разреши претседателот на Управен одбор на комунална хигиена, тенденциозно се оди на личност, да се деградира таа личност што не е во ред затоа што таа нема забрана за вршење на дејност што е сега претседател на Управен одбор и може да биде претседател на Управен одбор и не е оправдано вашето барање на свикување на седница каде претседателот на Управен одбор ние ќе го менуваме зошто? Зошто така сакаме. Оправданоста на свикување на седницата како точка не е на дневниот ред, туку за свикувањето на седницата, не е оправдано затоа што нема забрана за вршење на дејност“, заклучи Бојковски.