
– Тимот посветено работеше на културна промоција, претставувајќи ја програмата во различни области, иновативните идеи и концепти со кои Скопје ќе се најде на мапата како Европска престолнина на културата за 2028.
Овој избор е престижно признание за сите нас, Скопје е дел од Европа, а Европа во годините кои следат до 2028 година ќе се обедини со Скопје низ призмата на културата и уметноста . Нашата визија која победи денес ги вклучува младите и креативните индустрии, поврзани со еко-практики како иновација во сите процеси и културни настани кои ќе се одвиваат 365 дена во Скопје. Програмата почнува да се имплементира уште во јануари 2024 година и во текот на следните години обединети националните и европските уметници ќе учествуваат на стотици културни настани кои ќе кулминираат во 2028 – истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, по соопштувањето на одлуката.
Целта на оваа иницијатива на Европската унија е да им овозможи на жителите на Европа да учествуваат активно заедно да разменат искуства за културата, да се создадат нови партнерства и да се нагласи улогата која ја има културата во развојот на градовите.
-Кандидатурата за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 за Скопје претставуваше сложен процес кој се одвиваше повеќе години и во кој се вклучија градските и државните културни институции, многу активни чинители од областа на културата и експерти. Во оваа мисија Град Скопје доби поддршка од Министерката за култура Бисера Костадиновска, Владата, Претседателот Пендаровски и други државни институции, а кон постигнување на нашата цел поддршка добивме од голем број европски градови и нивните култуни институции.
Да се биде Европска престолнина на културата е предизвик за секој град затоа што културата се повеќе зазема важно место во развојот на градовите, а претставува и двигател на урбаниот, социјалниот и економскиот развој, се вели во соопштението од Град Скопје.