Во февруари 1975 година дипломирав на Факултетот за политички науки во Загреб, а во мај ме примија на работа во “Нова Македонија”. Бев малку во МРТВ, па бев дописник од Софија, малку пред тоа го купивме првото приватно радио, Канал 4, па 1999 го покренавме “Утрински”, па 2007 “Глобус”. И дневникот и неделникот беа европско ниво на журнализам. Ангажиран журнализам, каков што единствено може да постои нешто што сака да се декларира и да рабоѕи како журнализам. Денешните наследници се крајпатни бандити, комити со перо и микрофон, неписмени, а амбициозни будали.
Со мали исклучоци, се разбира. Педесет години се борам со Македонија како со мечка која станува се попроста и понасилна. Бербат ме направи ама не и се давам: и моите просветителски траги се гледаат врз нејзиното крзно. И што? Камо телеграма од претседателката? Камо искрени честитки од премиерот? Камо свечена академија со говори и бетовени на Симфонискиот оркестар? Камо неработни денови? Камо некој орден? Национална пензија? Биста во Жена парк? Ништо. Сите се чуваат да ја слават комитската ѓурултија на Илинден, понеже била и глупава и смртоносна. Хахаха!