Во последното интервју Бред Пит зборуваше искрено и отворено за темните страни на славата, за неговиот бурен развод и за теми за кои никогаш порано не зборувал. Познатиот холивудски актер, кој е обожаван и од жени и од мажи и чија сексуалност е предмет на дискусија со години, конечно проговори за оваа тема. Имено, Бред откри во подкастот на Шепард дали имал искуство со мажи и каков е неговиот став за сето тоа.
„Знаеш, никогаш не сум имал геј искуство“, рекол 61-годишниот актер и додаде:
„Малку доцнам со тоа, но да имав – ти немаше да бидеш тој“, се пошегувал Пит, обраќајќи се кон водителот.
Тој истакна дека би бил само на 14-то или 15-то место ако сака искуство со мажи, но Шепард имаше подготвен одговор.
„Нема да се фалам, но ќе мора добро да се подготвиш за мене“, одговорил 50-годишниот водител во ист стил.