Британските власти запленија 2,4 тони кокаин во вредност од 96 милиони фунти, на брод што пристигнал во Англија од Панама.
Дрогата била пронајдена под контејнери на бродот во пристаништето Лондон Гејтвеј, источно од британскиот главен град, а властите наведуваат дека операцијата е извршена врз основа на разузнавачки податоци.
Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ова е шестата по големина заплена на кокаин досега регистрирана во земјата.
Директорот на британските поморски гранични сили, Чарли Исто, изјави дека заплената е „само еден пример како посветените поморски службеници на Граничните сили остануваат чекор пред криминалните банди кои ја загрозуваат безбедноста на Британците“.
– Нашата порака до овие криминалци е јасна: Повеќе од кога било досега, користиме разузнавачки податоци и меѓународна соработка во спроведувањето на законот за да ги нарушиме и демонтираме вашите операции, рече тој.Британија е еден од најголемите европски пазари за кокаин, според Националната агенција за борба против криминалот, а владата тврди дека смртните случаи поврзани со кокаин во Англија и Велс пораснале за 31 отсто помеѓу 2022 и 2023 година.
Фото: Британско МВР на Фејсбук