Министерството за одбрана на Велика Британија покрена истрага откако документи со чувствителни воени информации беа пронајдени фрлени на улица. Документите, од кои некои биле означени како „официјално – чувствителни“, биле откриени на 16 март во областа Скотсвуд во Њукасл, расфрлани од црна пластична кеса. Според извештаите на Би-Би-Си, тие содржеле податоци за чинови на војници, работни смени, електронски адреси, списоци за издавање оружје и пристапни информации за воени објекти. Документите се поврзани со единици стационирани во воената база Катерик, а меѓу нив имало и лист со наслов „клучеви од оружарница и кодови за алармен систем“, што укажува на потенцијална безбедносна закана. Откритието го направил Мајк Гибард, фудбалски навивач од Гејтсхед, кој налетал на документите додека паркирал пред натпреварот на Њукасл Јунајтед против Ливерпул во финалето на Карабао купот.
-Погледнав надолу и почнав да гледам имиња и броеви на листови хартија. Помислив ‘што е ова?’, изјавил Гибард за Би-Би-Си. – Документите беа фрлени покрај ѕид во црна кеса, на патот, под автомобили – расфрлани по целата улица, појасни навивачот. Владините упатства предупредуваат дека некои документи означени како „официјално – чувствително“ би можеле да претставуваат „закана по живот“ доколку бидат компромитирани. Документите биле предадени во полицијата во Нортамбрија, а потоа доставени до Министерството за одбрана, кое покрена итна внатрешна истрага. Според британските безбедносни протоколи, доверливите документи треба да се уништуваат со уништувачи на хартија или „запаливи кеси