Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека на неа ќе се расправа за гласање доверба на Владата. Како што рече, конечниот дневен ред ќе се знае утре. Според неа, мнозинството и дава поддршка на Владата, но таа ќе дозволи да се одржи дебата за довербата во неа, овозможувајќи и на опозицијата да ги изнесе своите ставови.
Лидерот на опозициската Демократска партија Срѓан Миливојевиќ вели дека тие одговориле на повикот на студентите за генерален штрајк и нема да учествуваат во работата на Собранието. Тој нагласи дека дека генералниот штрајк во моментов е најефикасното средство во борбата против режимот.
„Нема да присуствуваме на фарсата или на имитацијата на парламентаризмот, туку ќе го поддржиме генералниот штрајк и ќе се приклучиме на протестите. Самата седница на Собранието изгуби секаква смисла во моментот кога јуришниците поттикнати од Александар Вучиќ ги газат нашите деца со автомобили, а неговите фаланги ги и тепаат студентите. Не можеме да седиме во иста просторија со луѓе со крвави раце“, рече Миливојевиќ во изјава з аагенцијата Бета.