Денеска сме до бројката 61, жално е, висока бројка е, но бројката можеше да биде многу поголема, а со такви третмани во болниците кои се високо квалификувани, беше многу важна и видовме каков е резултатот на третманот, и сметам дека е апсолутно исправна одлуката, без да го ставиме своето его, експертиза на страна, и да донесеме одлука да ги испратиме во странство, отколку да докажуваме дека ние имаме капацитет, истакна директорот на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација.
Бројката на жртви од пожарот во Кочани можеше да биде многу поголема доколку не беа испратени пациенти на лекување во странство каде што постои професионално знаење за третман на изгореници, смета Злате Мехмедовиќ, директорот на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација.