Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече овој напад „еден од најстрашните“ што Русија го извршила врз Киев откако започна инвазијата во февруари 2022 година.
Бројот на жртви од најмасовниот руски напад врз Киев од почетокот на инвазијата се искачи на 21, соопштија украинските служби за итни случаи во вторникот.Во нападот кој траел повеќе од 9 часа, биле повредени најмалку 134 лица, а цел на офанзивата биле 27 локации во главниот град на Украина.„Вкупно 21 лице загина во главниот град, а 134 се повредени“, напишаа службите за итни случаи на своите канали на Телеграм.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече овој напад „еден од најстрашните“ што Русија го извршила врз Киев откако започна инвазијата во февруари 2022 година. Тој потврди дека во нападот биле употребени повеќе од 440 дронови и 32 ракети, што ја прави оваа офанзива една од најжестоките и најобемните досега.Според министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, ударите биле насочени кон 27 различни цели во градот.Покрај нападот врз Киев, руските сили погодиле и други делови од Украина. Во Одеса загинале две лица, а 17 се повредени. Уште две лица ги загубиле животите во нападите во регионите Суми и Херсон, информираа украинските власти.