Досегашниот биланс од катастрофалниот земјотрес што ги погоди Мјанмар и Тајланд во петокот е повеќе од 1.700 мртви, 3.400 повредени и повеќе од 300 исчезнати, додека странските спасувачки тимови и помош пристигнуваат во сиромашната земја, каде болниците се преполни, а локалните заедници се борат да започнат спасувачки операции со ограничени ресурси. Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.
Во исто време, спасувачките тимови во главниот град на Тајланд, Бангкок, продолжуваат со фанатична потрага по луѓе кои се уште се водат како исчезнати во урнатините на урнатата кула од 30 ката, јавува Франс 24. Во Бангкок, според денешните официјални податоци на градската власт, загинале најмалку 18 лица, 33 се повредени, а 78 се водат како исчезнати. Светската здравствена организација (СЗО) е на терен во двете земји, обезбедува итна помош и ги координира операциите за спасување, изјави во Женева портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.