Бројот на загинатите во нападот на бомбашите самоубијци во црквата Свети Илија во Дамаск се искачи на 22, додека 63 лица се повредени, соопшти денеска сириското Министерство за здравство. Истиот извор соопшти дека бомбашот самоубиец кој го изврши нападот е припадник на Исламската држава, пренесе сириската државна агенција Сана. Таа терористичка организација се уште не ја презела одговорноста за овој напад.
Сириските медиуми јавуваат дека безбедносните сили воспоставиле безбедносен кордон околу местото на експлозијата, додека спасувачките тимови работат на пронаоѓање на жртви и евакуација на повредените во блиските болници. Според медиумите, бомбаш-самоубиец влегол во црквата за време на миса вооружен со експлозив и отворил оган врз присутните, по што се активирал експлозивната направа.
Report Ad