Бугарски државјанин вчера се обидел да влезе во Македонија од Србија преку граничниот премин „Табановце“, со солзавец и елетрошок во автомобилот, соопшти МВР.
„На 04.06.2025 во 10:50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(37) од Република Бугарија затоа што при гранична контрола и проверка во патничко возило „нисан“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се електрошок и солзавец. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка“, велат од полицијата.