Бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов ги отфрли тврдењата на македонскиот министер Александар Николовски дека Бугарија не прави ништо за железничкото поврзување меѓу двете држави на Коридорот 8. Според него, Николовски раскажувал приказни за добра ноќ
„Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни за добра ноќ. Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише. Додека Николоски ги раскажуваше овие приказни, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а оттаму стигна до последната станица Ѓуешево за да го чека македонскиот“ изјави Караџов за БГНЕС.
Тој потсети дека Бугарија проектира 90% сосема нова линија помеѓу Радомир и Ѓуешево со цел да ги прошири лаковите на кривините, што би им овозможило на возовите да достигнат брзина од 160 км/ч.
„Во 2032 година, кога ќе достигнеме брзина на возот од 160 км/ч, ќе ги прашам од другата страна дали ќе има тунел или не“, додаде Караџов.