12.8 C
Скопје
28/05/2025 23:11
МАКТЕЛ

     

Бугарија: МВР ќе ги заштитува децата со икони и балони. Кој го нарача овој апсурд?

      

Дојче веле – редакција на бугарски јазик. Во Бугарија децата ќе ги преминуваат пешачките премини со… „икончиња“. Очигледно МВР нема подобри идеи како да ги заштити од пијани или дрогирани возачи кои газат сè пред себе. Кој ја сноси одговорноста за овој апсурд? Штом МВР објавило јавна набавка за 30.000 икони, значи треба да објави нова за нивно осветување – затоа што една икона е таква само ако е нацртана според црковниот канон, создадена со свест за светост и осветена од свештеник. Во некои цркви за таква служба се плаќа „колку што ќе дадеш“, во други има ценовник, а за полесно, некој свештеник може да ја освети целата јавна набавка. Затоа што, во спротивно, таканаречените икони „со големина од 4 до 5 см од нераскинлив материјал“ со можност за лепење се всушност обични налепници.

Апсурдна содржина – и многукратно превисока вредност: Медиумите и социјалните мрежи се забавуваа со набавката, за која првпат објави сајтот на „Капитал“. За 420.000 лева (околу 215.000 евра) МВР бара испорака на 30.000 икони и исто толку жолти торбички, 15.000 топки за плажа, 50.000 балони, 30.000 сини пенкала, 1.000 значки, 1.540 сложувалки, како и 3.000 фигури за демонстрација. Овие предмети се наменети за „Национална превентивна кампања за децата во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата“, финансирана од Фондот за безбедност на сообраќајот на патиштата. МВР, како нарачател, ќе избере чија слика ќе биде на иконите – Исус Христос, Богородица со бебето Исус, свети Христофор, кој штити од опасности на патот, или друг светец.

   

Вредноста на набавката изгледа превисока – иконите нема да се цртаат, а со оглед на објавените количини, балоните, пенкалата, топките и значките би требало да чинат ситни пари по единица. На пример, во Merkandi, меѓународна B2B платформа, цената на балон е 0,013 евра (околу 0,025 лева) по парче без ДДВ, и вклучува пакети од 100 балони со дијаметар од 13 см, изработени од гума. Минималната нарачка е 400 пакети (односно 40.000 балони), а 500 пакети би го чинеле трговецот од Бугарија, кој би ги нарачал, 1.250 лева (639 евра). Дури и при поголеми димензии, балоните тешко би надминале 2.000 лева. За топките, цените варираат од 25 центи по артикл од кинески добавувачи до 1,80 евра од европски, но со пониски транспортни трошоци и побрза испорака.

Ако претпоставиме дека топките, торбичките, балоните и значките можат да се користат за награден фонд – иако велосипедни кациги, боички и блокчиња за цртање или таблети би биле покорисни, за што би послужиле иконите-налепници? Можеби би можеле да се делат на часови по добродетели и религија, доколку обуkata за безбедност во сообраќајот се интегрира во нив. 420.000 лева изгледа превисока цена за објавените артикли. Освен ако во оваа вредност не се скриени „компоненти“, невидливи за даночните обврзници, со чии пари располагаат функционерите од МВР. Кој ја „идентификуваше“ потребата од икони? Поради апсурдната набавка, министерот за внатрешни работи Даниел Митов го деградирал заменик-директорот на Главната дирекција „Национална полиција“ Калојан Милтенов на заменик-началник на Оперативниот дежурен центар. Но оваа санкција не може да замени внатрешна проверка што би стигнала до дното (или барем до тињата што го покрива). Патот на една јавна набавка, пред да се објави во регистарот, почнува од структура во министерството што ја утврдува потребата од конкретната услуга или испорака – без разлика дали станува збор за екструдирана храна за полициски кучиња, полициски униформи како костуми, летни јакни или автомобили.

Министерството за внатрешни работи е најголемиот нарачател на јавни набавки за автомобили, последната од кои беше за 462 моторни возила (35 високобрзински, 200 лесни и 227 теренски) за над 150 милиони лева од Фондот за безбедност на сообраќајот. Од 2021 година до 30 ноември 2024, во Фондот, кој се полни со средствата од казни снимени со камери за брзина, донации и др., биле собрани над 352 милиони лева. Но МВР не објавува јавно за што ги троши средствата, освен ако не добие прашање од пратеник. Откако во 2019 година Дирекцијата „Јавни набавки“ при МВР беше укината, нејзините функции ги презеде Дирекцијата „Управување со имотот и социјални активности“. Некој во оваа дирекција предложил, а началниците одобриле, дека икони-налепници ќе помогнат за безбедноста на сообраќајот и намалување на повредите на патиштата. Овој апсурд поминал низ неколку нивоа на одобрување, добил потписи и печати, но општеството има полно право да знае како е аргументирано ова решение и кои се лицата што ја носат одговорноста. Утре некој друг во МВР може да предложи јавна набавка за амајлии против лоша карма…

Обуката може да биде интересна: Ако функционерите сакале да си ја завршат работата добро, би ги проучиле добрите европски примери за обука на деца за безбедност во сообраќајот. Така би сфатиле дека за иконите, торбичките и пенкалата немаат место. Наместо тоа, успешно се користат дигитални апликации и виртуелна реалност (VR) што симулираат сообраќајни ситуации и ги учат децата да носат правилни одлуки. Исто така, децата возат велосипеди во симулирана улична средина со сообраќајни знаци и сигнали. За обуката да биде позабавна, се користат видеоклипови, куклен театар, практични тестови. Но во МВР не се особено иновативни, иако во 2024 година Бугарија е на второ место по Романија по загинати во сообраќајни несреќи со 74 лица на милион. Слично на партиите, и бугарските институции се формираат во групи по интереси. А децата ќе ги преминуваат пешачките премини со торбички на кои се залепени „икончиња“, бидејќи очигледно нема кој друг да ги заштити од пијани или дрогирани возачи што газат сè пред себе.

   

Најново

ТРЕНДАФИЛОВ: Нашите работници во Словенија, Германија, Хрватска се продуктивни зашто таму платите се три до четирипати повисоки

Sase Ivanovski

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик

Sase Ivanovski

Зеленски: Трамп повеќе е изнервиран од Путин отколку од мене

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов гасеше, ама во ланските пожари „изгореа“ 83 милиони евра

Sase Ivanovski

Марта Кос: Проширувањето на ЕУ е прашање на безбедност, за првпат имаме вистинска шанса да го обединиме континентот

Sase Ivanovski

Костадинов до Кочовска: Доцна е за средба министерке, веќе сами ги решаваме проблемите на Струмичани – немаме време за глума и лажен ПР

Sase Ivanovski

ИК утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, партијата и кандидатите убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат

Sase Ivanovski

Фестивалoт на феминистичка култура ќе се одржи на 30 и 31 мај

Sase Ivanovski

720 невработени млади ќе добијат по околу 10.000 евра за да основаат бизнис

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски фатен во тесно за тендерот на МВР ја навреди новинарката која што го прашуваше за аферата

Sase Ivanovski

Концепт „два плус два“- можно решение според сообраќајните експерти за подигање на безбедноста на експресниот пат Штип – Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Промените се случуваат! Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Sase Ivanovski

Илон Маск е „разочаран“ од законот за трошење на Трамп, вели дека тој го поткопува она што го прави Одделот за ефикасност

Sase Ivanovski

Пензионерите ќе можат да заработат плата покрај пензијата

Sase Ivanovski

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОХРИДСКИ АВТОБУС НАПРАВИ ХАОС ВО ЦЕНТАР, ИСПОКРШИ СТОЛБЧИЊА НА КРУЖЕН ТЕК

Sase Ivanovski

Македонија најбогата на Балканот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на НБРМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАТЕНИ СО РАЧЕТО ВО МЕДОТ: Функционери бизнисмени – Лапале тендери со скриени фирми

Sase Ivanovski

Адеми: Македонците не можaт да го добијат “второто полувреме”

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

Sase Ivanovski

Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран

Sase Ivanovski

Мицкоски очекува Европскиот парламент едногласно да го потврди македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Николоски по ратификацијата на договорот: Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

Договорот за инфраструктура со Британија помина со 76 гласа „за“ и 6 „против“

Sase Ivanovski

Поевтини заеми благодарение на ААА рејтингот на Обединетото Кралство, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: „Салим Сулејмани си замина од Собранието за амбасадор – како се вика тоа, ако не предавство?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЈАН СТОЈАНОВСКИ: Договорот со Британија не е државна тајна како тој со Бехтел и Енка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ: Грешка има во англиската верзија на договорот со Британија, но не и во македонската верзија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трајчулески за Договорот со Британија: Дали веќе се договорени фирмите – изведувачи?

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Ратификацијата на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство значи економски развој и инвестиции, младите во фокус на Владата со новиот план за вработување

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Зошто кредит од 6 милјарди евра кога имаме можност за неповратни грантови од ЕУ?

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев од Охрид: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Преседан во Собрание-Спогодба со Велика Британија власта ја турка како меѓународен договор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце, наскоро и на премините со Србија и Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Почна со работа „Охрид Мол“ – симбол на новата визија за развој на Охрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НЕ МОЛЧАМ – ГРАДАТ НА ДИВО, МИЛИОНИ ИСПАРУВААТ, ВЛАДАТА СПИЕ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ: Славески ќе треба да го либерализира македонскиот банкарски сектор и да ги скроти банките кои го дерат народот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛУТНИЦА УЛИЧНИ КУЧИЊА СЕЕ СТРАВ НИЗ ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕКС ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ НА БУГАРИЈА: Третиот протокол е можен, но нема да промени ништо, Бугарија нема да се помести нуту милиметар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 репортажа: Семејното и родово-базирано насилство зема замав и се почесто завршува и со фемициди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Расмусен: На Европа ѝ треба нов безбедносен модел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сиљановска-Давкова: Договорот со Велика Британија не е алтернатива за ЕУ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС против опремување на полицијата со униформи, откако ја оставија без основни услови за работа

Sase Ivanovski

СДСМ достави документи до ДКСК: Бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР!

Sase Ivanovski

Лишени од слобода крадци во Прилеп, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака, додека 10 илјади луѓе умреа во КОВИД пандемијата тој печалеше за себе

Sase Ivanovski

МФ: Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинска тарифа – Се намалуваат царините на 70-тина стоки, вклучително и литиум-јонските батерии за складирање на електрична енергија

Sase Ivanovski

Пренџов: Стратешкиот договор со Велика Британија нуди многу поволности, ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

28 мај – Меѓународен ден на менструалната хигиена: Менструацијата не смее да биде луксуз!

Sase Ivanovski

Герасимовски ги поканува граѓаните на добра храна и музика во петок во Паркот на Франкофонијата

Sase Ivanovski

„Матица македонска“ објави нов роман од Велко Неделковски

Sase Ivanovski

Две милијарди евра инвестиција брза пруга Табановце-Гевгелија, Македонија на европската карго мапа во железничкиот сообраќај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека не му е грижа за народот, важни му се само провизиите, тендерите и бизнисот со кланот Заеви

Sase Ivanovski

Приведено лице барано по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и 20 дена

Sase Ivanovski

СДСМ: Смрди на корупција-за скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра мора да постапат ОЈО и ДКСК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Нема ни траг од фирмата што доби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени, дали е со фиктивно седиште

Sase Ivanovski

Групата на Штекли се криела во бункери под земја ископани на државно земјиште

Sase Ivanovski

Молк во Бугарија за можните преговори со Македонија во Хаг

Sase Ivanovski

Уште едно лице осомниченo во предметот за пожарот во „Пулс“: ќе го гонат сопственикот кој го изнајмил објектoт

Sase Ivanovski

Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

Sase Ivanovski

Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Чаир е под „опсада“ од параполицаецот Арсовска. Ганиу во обид да ги одбрани дивоградбите

Sase Ivanovski

Субвенции за реконструкција на фасади и кровови на стамбени згради во Куманово

Sase Ivanovski

Во Скопје стартува изнајмување на електрични автомобили – 22 денари по километар и 5 денари по минута

Sase Ivanovski

Гевгелија добива нова велосипедска патека која се протега на двете страни од завршницата на Западен Булевар што завршува кај Динќут

Sase Ivanovski

Ангелов гаснеше пожари и бркаше мечки – Меџити вели наследникот може да го надмине

Sase Ivanovski

Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат

Sase Ivanovski

Се чека одговор од Софија за билатерлна средба со Сиљановска во Хаг

Sase Ivanovski

Починато бебе однесено во струшката болница

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Беџети? – Судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД

Sase Ivanovski

Левица: Сестрата на директорот на СОЗР во МВР – непотизмот царува во владата

Sase Ivanovski

Дали ХЕ/ПАХЕ Чебрен е навистина добра инвестиција?

Sase Ivanovski

Членови на Судски на сослушување за постапката против судијата Беџети

Sase Ivanovski

Храни во синергија, што со што да комбинирате…

Sase Ivanovski

„Спона“ ги дообјаснува своите позиции за организацијата на изложбата „Скаутизмот во Македонија 1911-1941“

Sase Ivanovski

Лице починало за време на преглед во поликлиника во Аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вучиќ: Работиме и градиме

Sase Ivanovski

Мицкоски: Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја

Sase Ivanovski
Вчитувам....