Оваа одлука е донесена од владата на бугарскиот премиер Росен Желјазков која одобри измени во програмата „Транспортна поврзаност“ 2020 – 2027 година. Додека Бугарија врши притисок врз Македонија да ја забрза изградбата на железничката линија Софија – Скопје, другата страна ја одложи модернизацијата на бугарската делница. Оваа одлука ја донесе владата на Росен Желјазков, која одобри измени во програмата „Транспортна поврзаност“ 2020 – 2027 година. Железничката линија Софија – Скопје е дел од европскиот транспортен Коридор 8, кој треба да го поврзе Црното со Јадранското Море по правецот Драч – Тирана – Скопје – Софија – Бургас/Варна. Целта е да се обезбеди брз транспорт на луѓе и стоки, пишува Медиапул. За нејзино спроведување, во Меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и Македонија од 2017 година, беше преземена обврска железничката линија меѓу Софија и Скопје да биде готова во 2027 година.
Во 2019 година, како министер за транспорт, Росен Желјазков дури се пофали дека растојанието од Софија до Скопје ќе го помине со воз за помалку од еден час во 2025 година. Денес, пак, како премиер очигледно не мисли така, откако неговата влада гласаше да се откаже од проектот за модернизација на железничката линија Софија – Радомир – Перник за сметка на реализација на други железнички проекти. Ќе има ли овој век пруга Софија – Скопје? Изградбата на железничката линија Софија – Скопје е замислена уште во 1870-тите години, кога овие територии биле дел од Отоманската империја, покажуваат историските документи. И ако ова беше приоритетен проект за Бугарија, делницата Радомир – Ѓуешево е изградена во далечната 1910 година, со потрошени импресивни за тоа време 12,3 милиони златна лева, за останатите земји од регионот и т.н големите сили очигледно не беше случај.
Поради оваа причина, железничарите сметаат дека не треба да се биде преголем оптимист за можноста за брза врска меѓу Софија и Скопје да се случи овој век. Главната причина за ова е што трасата по Радомир до Крива Паланка во Македонија минува низ тежок планински терен и ќе бидат потребни милијарди за изградба на железничката пруга. Во исто време, веќе се водат дискусии за тоа колку ќе биде ефективно. Владата на Христијан Мицкоски беше под жестоки критики на европските бирократи, но и на опозицијата во Скопје, дека намерно ги одлага инвестициите во Коридорот 8. Сега е јасно дека Владата имала прецизни проценки дека Софија нема намери да ги исполни своите обврски во изградбата на пругата кон Македонија.