Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека на амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, ѝ е врачена протестна нота поради случаи на сквернавење на бугарските национални симболи. На средбата меѓу Поповска и Јордан Прванов, генерален директор за европски прашања, била изразена сериозна загриженост поради последователните случаи на сквернавење на бугарските национални симболи на територијата на соседната земја.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, на 4 мај 2025 година, неколку часа по положувањето венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, било откриено дека меѓу многуте положени венци, билe отстранети само лентите со бугарската тробојка на венците. Министерството за надворешни работи на Бугарија категорично ги осудува ваквите непријателски дејствија „Министерството за надворешни работи на Република Бугарија очекува властите на соседната земја да преземат потребни мерки за идентификување на сторителите на овие дела и нивно повикување на одговорност, како и за навремено обновување на споменикот морена во неговата автентична форма“, стои во соопштението од бугарското МНР.