Пред официјалните разговори во Астана, Радев изјави дека неговата земја сака да ја подобри соработката со Казахстан во областите на транспортот, енергетиката и образованието. Тој посочи на растечкото значење на Транскаспискиот меѓународен коридор и желбата на Бугарија да воспостави поблиска соработка со земјите од Централна Азија.
Радев рече дека Транскаспискиот коридор, како мултимодална трговска рута што ја поврзува Кина преку Казахстан, Каспиското Море, Азербејџан, Грузија, Турција со Балканот и Европа, е од сè поголемо значење по прекинот на традиционалната рута преку Русија поради војната во Украина.Радев посочи дека Бугарија веќе започнала проект за трансфер на енергија од одржливи извори од Азербејџан и други земји од Централна Азија до Црното Море и понатаму до земјите од Источна и Централна Европа.