Оваа година Бугарија ќе ги добие првите 33 возила „Страјкер“ за Копнените сили, објави бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов за време на денешната церемонија по повод патронскиот празник на Воената академија „Г. С. Раковски“ и одбележувањето на 113-годишнината од нејзиното основање.
– Модернизацијата на Бугарската армија напредува со забрзано темпо. Вчера бевте сведоци на примопредавањето на првиот бугарски авион F-16 Block 70, оваа година ќе ги добиеме првите 33 возила „Страјкер“ за Копнените сили, а вториот брод на Воената морнарица е веќе пуштен во вода. Започнува вистинско опремување на нашите вооружени сили со нова борбена техника, особено во делот на борбените способности, истакна Запрјанов и додаде: „Војните во 21 век го поттикнуваат користењето на современи технологии, што бара преиспитување на нашата подготовка, осовременување на наставните програми, подобрување на условите за работа и обука, соодветно наградување, но и зголемување на барањата кон кадрите“.