12.8 C
Скопје
30/03/2025 09:32
МАКТЕЛ

    

Бугарска перцепција кон проширувањето на ЕУ: Мнозинството е за прием на нови членки, но…

      

По макотрпниот и долг пат на економски трансформации и реформи, борба против корупцијата, недостиг на политичка волја и други ограничувања, Бугарија конечно на 1 јануари 2007 година, заедно со Романија, се приклучи на ЕУ, со што се најде во позиција да може да им помага на своите соседи од Западниот Балкан и тие да се приклучат кон Унијата, се наведува во извештајот на Фондацијата „Фридирх Еберт“ насловен „Декодирање на перспективите за проширување: Гласовите на земјите од Средна Европа за проширувањето на ЕУ“, во делот посветен на перцепцијата на Бугарија кон приемот на нови членки во блокот.

– Во денешно време, Бугарија продолжува да се соочува со тешкотии во овој „потфат на добрососедство“, како на внатрешен (почетното вето, а по неговото укинување и општата аверзија кон пристапувањето на Северна Македонија и растот на популарноста на евроскептичните партии), така и на надворешен план (нереформирани механизми за пристапување во ЕУ и недостиг на политичка волја во Брисел за туркање на процесот), се наведува во извештајот. Според неговите автори, за жителите и Владата на Бугарија прашањето за проширувањето на ЕУ не претставува главен приоритет и тие главно се уште се фокусирани на внатрешните прашања и спорови, како оние околу пристапувањето кон Шенген зоната и замената на националната валута левот со еврото, како и околу справувањето со политичката криза „што ја окова земјата во серија избори во изминатите три-четири години“.

   

– Разумно е да се претпостави дека додека Бугарија напредува кон финализирање на своите цели за интеграција во Шенген и Еврозоната и штом актуелната политичка криза ќе стивне, Софија ќе го префрли својот фокус на други приоритети, вклучително и на поддршка на Западниот Балкан на патот кон интеграција во ЕУ. Идеално е и Молдавија и Украина, исто така, да станат клучни приоритети во догледно време, се вели во документот. Меѓутоа, како што се оценува во извештајот, централно прашање во врска со улогата на Бугарија во процесот на проширување на ЕУ е кога таа ќе излезе од нејзината политичка стагнација. – Бугарија е подготвена да ги поддржи и да им помогне на другите земји кандидати во нивните напори за членство, под услов ако и се даде можност да застане на нозе, се наведува во текстот. Натаму во извештајот се анализира бугарскиот политички пејзаж, со оценка дека „разбирањето на современите партиски поделби е од витално значење кога станува збор за анализа на позицијата на Бугарија кон проширувањето“.

– Политичкиот пејзаж на земјата е неверојатно разновиден, а клучните политички играчи се поделени на оние што ги идентификувавме во три главни групи: евроатлантисти, русофили и национал-популисти. На хартија, мнозинството од парламентарните партии го поддржуваат проширувањето на ЕУ. Де факто, сепак, одговорот не е толку едноставен, се наведува во извештајот. Во групата на „евроатлантисти“ се посочени коалициите на партиите Граѓани за европски развој на граѓаните и Сојуз на демократските сили (ГЕРБ-СДС) и на Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија (ПП-ДБ), како и Движењето за права и слободи (ДПС) и Алијансата за права и слободи (АПС), кои „ја поддржуваат понатамошната интеграција во НАТО и ЕУ“. Како „русофили“ се посочени партијата Преродба, која е погласна во идеите против ЕУ и НАТО, како и Бугарската социјалистичка партија (БСП), која е подискретена во јавноста, но зад затворени врати сепак зборува за нормализација на односите со Русија, како и за укинување на санкциите кон Москва. Во третата група на „национал-популисти“, за кои се вели дека „имаат претежно националистички и популистички агенди и обично не остануваат долго во Парламентот“, во извештајот се посочени Има таков народ (ИТН) и Морал, Единство, Чест (МЕЧ).

Претстојат два многу тешки месеци против многу, многу пари со кои се соочува ГЕРБ, парите на олигархијата. Ова го изјави за време на Националното собрание на ГЕРБ премиерот во оставка и лидер

За ГЕРБ се вели дека, општо земено, се смета дека партијата поддржува други држави да влезат во ЕУ. Таа не го стави проширувањето на ЕУ во својата програма за изборите и моментално не дискутира активно за ова прашање, иако „одигра клучна улога во ставањето вето на преговорите на Северна Македонија во 2020 година“. Експерти кои биле интервјуирани за потребите на извештајот изјавиле дека очекуваат ГЕРБ-СДС „во иднина да бара одредени отстапки од Северна Македонија за да се одржи на патеката за пристапување во ЕУ“.

– На декларативно ниво, тие се проевропски и за проширување. Тие го поддржуваат проширувањето, како инструмент на европската надворешна политика и на бугарската надворешна политика. И можеби тие ќе бидат „за“ кога станува збор за прашања како Украина, Грузија итн. Но, тие се оние кои го создадоа тој меморандум со Република Северна Македонија и кои ја блокираа поддршката за продолжување на преговорите поради низа прашања од билатералните односи. Така, секогаш ќе биде незгодно и ќе зависи од конкретниот контекст. Република Северна Македонија ќе мора да ја добие поддршката на ГЕРБ преку големи отстапки, изјавил еден од експертите. За ПП се посочува дека беше гласен поддржувач на укинување на ветото за земјава поставено од ГЕРБ, што на крајот и се случи во 2022 година за време на Владата на нејзиниот лидер Кирил Петков.

Експертите проценуваа дека иако ни коалицијата ПП-ДБ не го стави прашањето за проширувањето на Унијата во својата изборна програма, сепак таа „ќе го поддржи пристапувањето во ЕУ на која било нација, било да е тоа Северна Македонија, Србија или Украина, но само доколку се исполнат барањата за членство и сите критериуми“.

– Тие секогаш ќе бидат за проширување, без разлика за кој регион станува збор, оцени еден од интервјуираните експертите, додавајќи дека ПП-ДБ е „силен поддржувач на секој европски дискурс“.

Во однос на ДПС се посочува дека еден од познатите нејзини членови е европратеникот Илхан Ќучук, за кој се вели дека е „гласен поборник на дискусијата за проширувањето на ЕУ“, а неговата партија ја поддржа ПП-ДБ во укинувањето на ветото за Северна Македонија. Истиот, став се очекува и од АПС, која настана со раскол во ДПС, поради спор околу лидерската позиција во партијата.

Кога станува збор за „русофиските“ партии, за Преродба се наведува дека таа се залага за излез на Бугарија од ЕУ и НАТО, се противи на прифаќање на еврото и е за укинување на санкциите кон Русија и за запирање на каква било поддршка за Украина, но дека проширувањето не е приоритет за партијата, иако нејзиниот европратеник Петар Волгин „отворено повика против прием на Северна Македонија и Украина во ЕУ“.

Бугарија треба да продолжи да ги спроведува реформите во рамки на Механизмот за соработка и верификација.

За БСП во извештајот се вели дека иако „на хартија“ таа го поддржува пристапувањето на Молдавија, Украина и Западниот Балкан во ЕУ ако ги исполнат условите, сепак „партијата нема да биде гарантиран сојузник по ова прашање“.

– Бугарската социјалистичка партија, која е комбинација на прорускиот став и чувството на носталгија за поранешниот комунистички режим, има и многу силен националистички наратив, како и обид да изгледа помодерно, либерално и европски. Растргнати меѓу евроскептицизмот, проруското влијание и националистичкиот поглед, нивната позиција за проширувањето ќе биде тешко да се предвиди, изјави еден од интервјуираните експерти.

За партијата ИТН на „шоуменот Слави Трифонов“ се посочува дека се залага за ревизија на Европскиот зелен договор, за „забрана на ЛГБТ пропагандата“, за спречување на влезот на имигранти во земјата и за ставање крај на „тивката имплементација на директивите на ЕУ“.

– Непотребно е да се каже дека проширувањето на ЕУ не е приоритет за нив. Единствениот претставник на партијата во Европскиот парламент, Ивајло Вулчев, не говореше многу за проширувањето, само коментираше дека Бугарија треба внимателно да го следи преговарачкиот процес на Северна Македонија, се наведува во документот.

Во извештајот се нагласува дека релевантно е да се забележи оти ставот на политичарите и политичките групи во однос на прашањето за проширување зависат од државата за која станува збор. – На пример, иако можеби го поддржуваат проширувањето воопшто или проширувањето со Западниот Балкан, пратеник од ГЕРБ-СДС може да зборува конкретно против кандидатурата на Северна Македонија, додека пратеник од БСП може да се спротивстави на Молдавија или на конкретно пристапувањето на Украина, се додава во документот.

Во него се наведува и, како што се вели, „скандалот околу посетата на претседателката на Северна Македонија на Софија“.

– Целта на посетата беше да се подобрат тензичните односи меѓу двата народа, но се случи спротивното. Бугарската страна заборави да го стави знамето на Северна Македонија, што беше сфатено како навреда. Скандалот повторно го разгоре огнот на политичка омраза во двете земји. Дополнително влошувајќи го случајот, Кабинетот на бугарскиот претседател не само што не се извини за овој голем пропуст, туку едноставно соопшти дека „тоа било неофицијална посета, па затоа дипломатскиот протокол не е испочитуван“. Од тогаш, ситуацијата се чини дека се стабилизирана, но напредокот кон помирувањето (што пред се беше главна цел на посетата) е одложен, се додава во извештајот.

Во однос на ставот на бугарското општество кон проширувањето во документот се посочува дека тој во голема мера ги следи поделбите меѓу политичките партии и ставот на една личност зависи од тоа за кого гласа.

Португалскиот предлог за Скопје е одлична појдовна основа за постигнување договор со Бугарија со цел да се одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на јуни. Сепак, македонската

– Кога зборуваме за прашањата за загриженост, веднаш на текнува на Република Северна Македонија, која секогаш ќе биде проблем кога на проширувањето се гледа од перспектива на Бугарија. Тоа е поврзано со националната траума која влече корени се до концептот на „Голема Бугарија“ од 19-от и 20-от век. Според овој иредентистички концепт, Бугарија мора да опфати некои од териториите на денешните Србија, Грција, Турција и Романија и цела Северна Македонија. Така, населението во Северна Македонија, како и луѓето во останатите посакувани територии, ќе се сметаат за Бугари. Ова е национална траума која полека се разбива меѓу бугарската политика и население преку отстапување од територијалните претензии, задушување на експанзионистичките амбиции и комуникација во попријателски односи со владата и народот на Северна Македонија. Тоа е голем процес кој може да потрае повеќе генерации, но може слободно да се каже дека Бугарија полека се упатува кон таму, се наведува во текстот.

Иако бугарското општество потенцијално може да има придобивки од проширувањето на ЕУ, сепак, како што се истакнува во извештајот, населението не е заинтересирано за ова прашање, главно фокусирајќи се на внатрешни теми и очекувајќи политичките партии прво да размислуваат за други проблеми.

– Може сигурно да се претпостави дека Бугарите не би биле против пристапувањето на Украина или на која било друга земја, доколку ги исполнат барањата изнесени за време на преговорите и ги спроведат сите потребни реформи. Истото важи и за Северна Македонија, бидејќи дури и најголемата евроатлантска политичка сила ГЕРБ-СДС не е против тоа земјата да влезе во ЕУ, но сака Северна Македонија да ги исполни бугарските барања, се додава во извештајот.

Во него се заклучува дека во моментов во Бугарија на проширувањето на ЕУ не се гледа како на главно, па дури ниту како на второстепено прашање и тоа не се актуелизира често на политичкиот пејзаж или во медиумите.

– Сепак, кога ќе дојде време, бугарскиот Парламент најверојатно ќе биде подготвен позитивно да одговори на влезот на другите нации во Унијата. Единствен исклучок од тоа правило е Република Северна Македонија, на која ќе и треба одредено ниво на политичко балансирање и помирување со бугарската страна за да не падне во истата замка како со ветото за преговорите, се наведува во текстот.

Авторите на извештајот, препорачуваат Владата на земјава да продолжи со претпазливост во текот на преговорите и да не се обидува непотребно „да ги налути бугарското население и Влада“.

– Неспорно е дека бугарско-македонските односи се во постојана закана да излезат од контрола и од најмали причини. Секој скандал ризикува да ја поништи повеќемесечната напорна работа на дипломатите и се да мора да почне од нула. Постапките на Северна Македонија може директно да влијаат на потенцијални кризи. Дел од бугарските експерти сметаат дека Скопје треба да пристапува со претпазливост и тактичност во својата дипломатска стратегија, бидејќи мало дипломатско недоразбирање или грешка, ризикува да се врати во форма на бугарско вето и на влошување на билатералните односи, се додава во извештајот.

Кога станува збор за пошироката јавност, според документот, најдобрата можна стратегија е да се едуцираат луѓето, потенцијално и во соработка со Европската Унија, за тоа што всушност за нив ќе значи проширувањето, при што  фокусот треба да биде ставен на новите можности кои доаѓаат со вклучувањето на нови пазари, како и на потенцијалните огромни инфраструктурни проекти што дефинитивно ќе ги донесат новите членки на ЕУ.

  

Најново

„Дури ни две реченици на турски јазик не беа прочитани“, обвинување на Сарач за време на молитва во џамија

Sase Ivanovski

Новото нормално изгледа прилично страшно

Sase Ivanovski

Поплавени бројни општини во Република Српска, прогласена вонредна состојба во Приједор

Sase Ivanovski

Жичницата на Водно утре нема да работи, јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена

Sase Ivanovski

Мицкоски во честитката за Рамазан Бајрам: “Сите заедно мораме да го смениме системот”

Sase Ivanovski

Внимателно на патот Валандово – село Удово, има наноси од песок

Sase Ivanovski

Давкова со честитка за Рамазан бајрам: Да бидеме сплотени и обединети како заедница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Потресно сведоштво на херојот Јован: Се измокрив скршивме една врата и почнавме да ги извлекуваме луѓето

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со врнежи од дожд

Sase Ivanovski

Хуманитарен гест: Собраниот приход од проекциите на КИНЕНОВА ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Сведоштва по земјотресот во Мјанмар: Со голи раце копаат во урнатините, граѓаните од страв спијат на улица

Sase Ivanovski

Верниците од исламска веросиповед го слават Рамазан Бајрам

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талибанците ослободија Американка, јавно му се заблагодари на Трамп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обилните дождови предизвикаа поплави во Хрватска и БиХ

Sase Ivanovski

Хамас се согласи со новиот египетски предлог за 50-дневен прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Упатство како треба да одговорите на операторите кои ве гњават со понуди на разни производи

Sase Ivanovski

Афионот, црното злато, повторно на трпезите

Sase Ivanovski

Најголемите банки во светот…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вооружени командоси нападнале две возила на Variante Aurelia во Италија

Sase Ivanovski

СВЕТСКИ ПРЕВАРИ 2 | СЕ ИСКАЧУВАМЕ НА MYWORLD ПИРАМИДА! *НЕ ЗАФРКНАА!!*

Sase Ivanovski

СВЕТСКИ ПРЕВАРИ 3 | ФАРАОНОТ НА МАКЕДОНИЈА ИСПАЛИ! *целосна неозбилност!!* | ПИРАМИДАТА НА ЗОРАН ВИТАНОВ

Sase Ivanovski

Малку Хумор.-Музичари

Sase Ivanovski

Лета колата…

Sase Ivanovski

Бразилската амбасада во Буенос Аирес, изградена помеѓу 1978 и 1989 година, дизајнирана од бразилските архитекти Олаво Редиг де Кампос и Освалдо Цинтра де Карваљо

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп го отфрли предлогот на Путин дека ОН треба да управуваат со Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Не сите европски сојузници се согласуваат за предложените воени сили за Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Русија ги повредува меѓународните напори за ставање крај на војната

Sase Ivanovski

Мицкоски и Перински утре во посета на Општина Ново Село

Sase Ivanovski

СЗО предлага отпуштања и намалување на буџетот за петтина

Sase Ivanovski

На протестите во Истанбул прочитано писмо од затвор од Имамоглу

Sase Ivanovski

Данската премиерка оди во тродневна посета на Гренланд, средби и со новата влада

Sase Ivanovski

Пакистан: Најмалку 11 загинати, меѓу кои жени и деца, во напади со беспилотни летала против Талибанците

Sase Ivanovski

Вашингтон Пост: Трамп притиска да ескалираат зголемувањата на царините пред 2 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нова снимка од Хамас со израелски заложник како на колена моли да биде ослободен

Sase Ivanovski

Новиот австриски канцелар Штокер избран за шеф на ОВП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Авионот А-130 има тенковска цевка, митралези, мини топ, ракети…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Синот на газдата на Али Баба оди на факултет во Торонто со Ролс Ројс и капут од десетици иљади долари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аца Лукас требало да биде српскиот Симон Трпчевски, беше голем талент, доби стипендија за студирање во Москва, избега од дома

Sase Ivanovski

„ТАКА НЕ СЕ РАЗГОВАРА СО БЛИСКИ СОЈУЗНИЦИ“ На данскиот министер не му се допаѓа тонот на американскиот потпретседател за Гренланд

Sase Ivanovski

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА МЛАДА РАБОТНИЧКА ОД КОЧАНИ Се повредила на работа, известен е трудов инспектор

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТИ СО АМПУТАЦИИ, ИЗГОРЕНИЦИ И СО СКРШЕНИЦИ НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА Се полни одделението за физикална терапија

Sase Ivanovski

СТРАШНИ ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Алармантно во Приједор и во Сански Мост, потопени куќи и возила

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Европа секогаш била и ќе биде проект на мирот

Sase Ivanovski

ОН: Хуманитарните операции во Мјанмар се отежнати поради оштетување на патиштата и инфраструктурата

Sase Ivanovski

Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи

Sase Ivanovski

Ифтарската вечера меѓу ВЛЕН и премиерот на Косово без публицитет и далеку од очите на јавноста

Sase Ivanovski

Антипедофилската организација „Пантер“ намами двајца сексуални предатори во Македонија

Sase Ivanovski

Дали Додик стаса во Москва, босанските медиуми ја разоткрија неговата порака

Sase Ivanovski

Поплави во БиХ

Sase Ivanovski

Таравари: Лидерска средба би било само губење на време

Sase Ivanovski

Американската амбасада во Сирија до своите државјани: Напуштете ја земјата веднаш!

Sase Ivanovski

Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација

Sase Ivanovski

Нова понуда на Трамп до Зеленски, Украинците се згрозени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првите дилеми и првите одговори за истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд

Sase Ivanovski

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Sase Ivanovski

Илон Маск вели дека ја продал „Икс“ на неговиот стартап „xAI“ за 45 милијарди долари

Sase Ivanovski

Илјадници загинати во силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, потрагата по преживеани продолжува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Уште една жртва на насилникот од Радовиш јавно проговори

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс ја обвинува Данска дека не го штити Гренланд од Русија и Кина

Sase Ivanovski

Случајот за тетовскиот Монопол: Одлуката дали таму ќе се градат или не станбени објекти била во рацете на Касами

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360° од Солун: Двајца пациенти имаат тешка форма на респираторни повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интервју со директорот на „Пирогов“: Една пациентка е пуштена дома, кај другите се бориме со инфекци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден ден откако Зеленски изјави дека Путин ќе умре, лимузина експлодираше во центарот на Путин во Москва, никој не беше повреден.

Sase Ivanovski

Драма на небото над Хрватска, авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Sase Ivanovski

Тинејџер од Куманово е меѓу петте приведени лица кај кои полицијата вчера попладне пронашла и одзела дрога.

Sase Ivanovski

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова е вистинско балканирање

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Што е ова Надице?

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Sase Ivanovski

Мастерпланот на Кензо Танге од 1963 година за областа Цукиџи во Токио е главен пример на архитектурата на метаболизмот

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Прекрасно поминато попладне и благослов од мојот духовник, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан.

Sase Ivanovski

Контролната кула на Олимпискиот парк Комазава во Токио, Јапонија, стои како архитектонско обележје од Летните олимписки игри во 1964 година.

Sase Ivanovski

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, поседувале и снимки, мајка пријавила во полиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Кој е следен“ пред Собрание: Демократијата не прави пауза!

Sase Ivanovski

СИН ПРЕТЕПАЛ ТАТКО ВО СКОПСКИ ПЕТРОВЕЦ: Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Заканата од терористички напади во Македонија е на ниско ниво

Sase Ivanovski

Трамп: Ни треба Гренланд, мора да го имаме!

Sase Ivanovski

Шукова за излевањето на цијанид во Крива Река: „Дали некој свесно ја штити Булмак 2016?“

Sase Ivanovski
Вчитувам....