Вчера беа откажани околу 400 летови кои погодија околу 70.000 патници, соопшти АЛТА, асоцијацијата на авиокомпании во Латинска Америка. По победата на изборите во ноември минатата година, Милеи вети дека ќе го елиминира буџетскиот дефицит на Аргентина и ќе ја намали инфлацијата. Досега, меѓу другото, ги скрати субвенциите за транспорт, бензин и енергетика, и отпушти илјадници државни службеници.
Синдикатот ЦГТ го обвинува дека вовел мерки за штедење кои ги погодуваат сиромашните и пензионерите. Штрајкот беше целосно очекуван поради драстичните мерки за штедење. Најголемиот досега беше на 23 април, кога околу милион луѓе протестираа против кратењето на финансирањето на државните универзитети. И покрај тоа, анкетите покажуваат дека тој се уште ужива околу 50 отсто поддршка кај гласачите. Со неговите мерки месечната инфлација падна од 25 отсто минатиот декември на девет отсто во април, а Милеи минатиот месец се пофали со првиот квартален буџетски суфицит на Аргентина во последните 16 години.