Со инвестиција од 11,7 милиони евра, реконструиравме 24,3 километри современ магистрален пат. Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување нова на сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше, објасни премиерот Христијан Мицкоски.Денеска, овде од брегот на Охридското Езеро, испраќаме силна и јасна порака: Македонија се гради, порача премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираниот патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум.
– Го пуштаме во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум – пат кој беше заборавен. Пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите. И сега, конечно, го добиваме. Со инвестиција од 11,7 милиони евра, реконструиравме 24,3 километри современ магистрален пат. Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување нова сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше. Направени се и заштитни интервенции на ризичните косини – и сето тоа е со една цел: безбедност, сигурност и долготрајност – порача премиерот.Во продолжение, погледнете како изгледа реконструираниот пат Охрид-Свети Наум: