Гостиварскиот градоначалник денеска свечено ја пушти во употреба главната улица на гостиварското село Здуње. Станува збор за асфалтирање на над 1,2 километри што ќе го поврзе селото со градот Гостивар и значително ќе го подобри сообраќајот не само во село Здуње, туку и во околните села. „Со овој проект значително е подобрена инфраструктурата во Здуње, не само за жителите на ова село, туку и за граѓаните од другите населени места што минуваат оттука“, рече Лимани.
Градоначалникот Валбон Лимани истакна дека сега ќе имаме подинамичен период и дека главно ќе се работи на патната инфраструктура. Се работи на булеварот „Браќа Ѓиновски“, се работи и на шеталиштето кај поранешното градско кино, се асфалтира улицата „Никола Тесла“ кај гимназијата, а од идната недела ќе се работи и на 2-3 други улици.