Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изјави дека Кина „ќе игра до крај“ доколку Соединетите Американски Држави продолжат со акциите насочени кон потиснување на земјата. Ванг Ји, говорејќи на Конференцијата за безбедност во Минхен, рече дека Кина решително одговорила на едностраните практики на „малтретирање“, но дека се надева дека САД можат да соработуваат со Кина во иста насока, објави Ројтерс.
На 10 февруари, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум во САД без никакви исклучоци, што исто така влијаеше на Кина, тој претходно воведе царини од 10 отсто за кинески стоки, барајќи земјата да престане да шверцува опиоид фентанил во САД. Кина започна спор пред Светската трговска организација поради воведувањето царини од десет отсто во февруари, пренесува Политика.