Вардар Неготино на пријателски меч со 2:1 ја совлада екипата на Победа од Прилеп, меч кој се одигра на “Цвај арената” во Неготино. Неготинчани беа надмоќни на физички план и повеќе ја имаа топката во свој посед.
Стрелци за тимот на Горан Тодорчев и Горан Стојановски беа Марко Стојчески и Глигор Шиков. Двете екипи во пролетниот дел од сезоната ќе сакаат обезбедување на сигурен и ран опстанок во Втората лига, а пролетниот дел ќе започне на 15. февруари.