Во синоќешното гостување на „Заспиј ако можеш’’, гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска. Таа потенцираше дека од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, меѓународната политика е на поинакво ниво, каде што Македонија е во одличен контакт со нејзините стратешки партнери. Пратеничката додаде и дека имале формални и неформални средби со европските претставници и со бугарски политичари.
„Има разбирање за она што ние аргументирано ќе го предочиме. И на состанокот што го имавме минатата недела во македонското собрание и во неформалните и формалните говори, ние упативме еден нов наратив со кој што треба да дискутираме за битните прашања во евроинтегративниот процес, а тоа се прашањата за образование, за здравство, за инфраструктура, за многу значајната дигитализација и борбата со сајбер тероризмот. Прашања кои што се директно поврзани со суштинските мерки кои што треба како предизвик да ги има Европа во времето во кое што живееме“, појасни Василевска. Таа истакна дека во однос на оние прашања за кои што не можат да се договорат со бугарските претставници, рече дека ќе треба време и цивилизиран јазик за да се разберат двете страни. Се осврна и на тоа дека изминативе 7 години, власта на СДС и ДУИ, за жал не вратиле многу назад.
„Она што го имавме претходните 7 години, за жал не врати многу назад во тој сегмент, бидејќи таму се прифаќало се што ќе се понуди на маса, не се промислувале чекорите, сервилноста во политиката е добра додека има ефект за добробит на граѓаните. Кога станува по „дифолт’’, тогаш станува проблем и го добиваме ова што го имаме денес’’, нагласи Василевска.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ