Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на последното рочиште ја призна вината и се извини за делото. Кулакова го загуби животот ноќта на 29 јануари, пред полноќ, кога Јованов, под дејство на алкохол, возејќи брзо и поминувајќи на црвено удри директно во неа и ја усмрти на лице место.
Учесниците на протестот во првиот ред држеа два транспаренти кои ги носеа пред себе во текот на вечерта. На нив со црвени букви врз црна позадина пишуваше „Ние сме гласот на Фросина“ и „Валкани пари – смртни последици“. По несреќата во Скопје беше организиран протест, во кој граѓаните бараа правда за Фросина. Учесниците во протестот носеа транспаренти на кои пишуваше „Ние сме гласот на Фросина“ и „Валкани пари – смртни последици“. Извор: Новинска агенција МЕТА