Според извори од Ватикан, папата Франциск синоќа се одморил и денеска продолжува со закажаните вежби за физиотерапија, како и со оние за подобрување на дишењето. Во исто време, понтифот беше информиран за поплавите што се случија во регионот Баја Бланка во Аргентина и ја изрази својата блискост со погодените и со целиот аргентински народ. Како и вчера, така и денес Франциск се поврза преку онлајн и ги следеше молитви кои се одржуваат во Светата столица.
Вчера во болницата Агостино Гемели го посети и премиерот на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин. Во текот на денот, на 88-годишниот папа му се дава високопроточен кислород, додека навечер продолжува неинвазивната вентилација на пациентот. Френсиск е во католичката поликлиника во Рим, Агостино Гемели од 14 февруари и, според извори од Ватикан – и покрај малото, постепено подобрување во последните денови – се’ уште е прерано да се зборува за неговото враќање во хостелот Санта Марта, во рамките на Ватикан .