Весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на луѓе запознати со плановите, пишува дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира големо намалување на бројот на вработени во Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и други важни разузнавачки агенции.
Во ЦИА, според информациите, планирано е отпуштање на 1.200 вработени, заедно со уште илјадници во други агенции низ американската разузнавачка заедница, објави весникот. Откако ја презеде функцијата во јануари, Доналд Трамп и неговиот советник, милијардерот Илон Маск, почнаа кампања за намалување на трошоците што доведе до отпуштање на повеќе од 200.000 федерални службеници.