По добиената пријава на 112 екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата а до повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека. Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош.
„Голема благодарност од ЦУК до докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки“, велат од ЦУК.