Денеска со почеток од 12 часот пред резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан во Кривидол ќе се одржи мирен собир под мотото „Гласот на народот – глас на Бога“. Ваквиот собир, според организаторите, е поттикнат од начинот на избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
„Верниците на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, но и поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верниците се зачудени како Архиепископот со еден кандидат како предлог се оддржува избор?! Избор! Меѓутоа, за да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е Викарниот Епископ Антаниски со 30 години монашко искуство! Црквата е народот, без народ нема ни Црква!“, се вели во соопштението. Во соопштението испратено до медиумите го предлагаат епископот Антаниски Партениј кој раководи со Бигорскиот манастир за нивни кандидат за избор на Митрополит. Велат дека црквата е народот, а народот има свој кандидат.