Верниците чекаат во ред за да го посетат гробот на папата Франциск, еден ден по неговиот погреб во црквата Санта Марија Маџоре. Црквата е отворена за верниците од 7 часот утрово. Кардиналот Пјетро Паролин денеска ќе служи миса за папата во базиликата „Свети Петар“, на вториот ден од деветдневниот период на жалост, познат како новендијали.
Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час. На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на Папата беше пречекан со ѕвона.