Како што наближуваат локалните избори, така се чувствува поголема раздвиженост во опозициската партија. Имено, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој изминатиот период се почесто ги критикува политиките на власта, овој пат истакна дека ќе враќаме кредит за нешто што не постои, мислејќи на унгарскиот кредит.
„Мој народе веќе плаќаме камати за унгарскиот кредит од кој сеуште немаме добиено ништо, но наскоро ќе плаќаме пак камата за повторното МЕГА ништо.
Ќе враќаме кредит за нешто што не постои!
ВМРО-ДПМНЕ зема кредит од милијарди евра за пруга која уште не е ни нацртана.Нема проект, нема траса, нема анализа – ама цената веќе е кажана: 2 милијарди евра!Како? Зошто? Кој ја сметал таа бројка?
Се чини дека прво си ја сметале провизијата, па после проектот.Никој од народот не е прашан, договор никој не го видел, ама сите ќе плаќаме камата – со наши пари, за нешто што уште не постои.Ова не е развој. Ова е стара шема – да се украде преку голем проект што само на слика постои.Јавно ги прашувам: