Тестаторите да си ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците и на државата. Дополнително напоменувам дека е затегната легислативата и таа треба максимално да се почитува, рече министерката Весна Јаневска денеска при посетата на Градежниот факултет при УКИМ.
Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а тие да не се обидуваат да препишуваат и испитот да го сфатат како дел од нивното образование кој не треба да претставува никаков проблем – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред утрешното полагање на првиот екстерен испит од годинашната матура за која се пријавени над 15.000 средношколци.
– Тестаторите да си ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците и на државата. Дополнително напоменувам дека е затегната легислативата и таа треба максимално да се почитува – рече Јаневска денеска при посетата на Градежниот факултет при УКИМ.Втората порака е до учениците – испитот, рече таа, е дел од нивното образование и не треба да претставува никаков проблем.
– Тие треба да пристапат како кон нормален, составен дел на нивното образование. Им порачувам и да не се борат со системот, да не бидат премногу иновативни изнаоѓајќи разни начини да се снајдат при полагањето на државната матура. Поконкретно кажано, ги замолувам одредени групи, групации и поединци да не го користат препишувањето како метод за полагање на државната матура. Затоа што тоа не е ниту во нивна корист, ниту во корист на нивните родители, ниту во корист на државата – апелираше Јаневска.Како што рече, се е подготвено за спроведување на завршниот испит и ќе тече без никаков проблем.
– Само уште овие два услова да се исполнат, а верувам дека ќе бидат исполнети – додаде министерката.За утрешниот прв екстерен испит се пријавени 9.969 ученици за македонски јазик, 4.339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни.