По десет години Македонија повторно влегува во трката за Најдобар наставник во светот (Global teacher prize). Одделенскиот наставник Иле Михајловски при ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Свети Николе е меѓу 50-те најдобри наставници во светот, а денеска ќе се знае дали влегува и во потесниот избор на десетмината најдобри коишто ќе се борат за престижната награда. Од понеделник до петок: 5 идеи со кои овесната каша ќе стане вашиот омилен појадок
Заборавете на пеглата засекогаш: Со овој трик повеќе нема да треба да ги пеглате завесите
Тест на личноста: Изберете дух и дознајте која е вашата најголема маана. Настанот е од огромно значење за наставниците, вели за Слободен печат Михајловски, кој нагласува дека преку оваа манифестација се слуша гласот на наставниците ширум светот.
– Престиж е, но и одговорност да се биде меѓу најдобрите наставници во светот. Веќе подолго време знам за тоа дека постои ваков избор, но досега немав храброст да аплицирам, бидејќи се прашував „имам ли доволно багаж за да учествувам“. Блиски луѓе ме поттикна и морам да споменам дека имав огромна поддршка од наставничката Весела Богдановиќ, таа беше првата Македонка која во 2015 година влезе во топ 50 за Награда за најдобар наставник во светот. И сега, после 10 години пауза, јас сум втор наставник од Македонија, кој дојде до ова место. Таа ми влеа верба, велејќи ми дека сум „човек пакет“, а не само добар наставник – вели Михајловски. Меѓу 5.000 пријавени наставници од 89 земји ширум светот, на жирито му оставил впечаток профилот на нашиот Михајловски. Неговата хумана страна која е позната надалеку, со бројните донаторски акции коишто ги организира низ годинте, но и неговата неуморна посветеност за подобри услови за живот на децата со попреченост уште во 90-те го издвојува од фелата.
– Во 1999 година го отворив првиот Дневен центар за деца со попреченост во Свети Николе. Тогаш поимот инклузивност не беше познат и едвај се зборуваше за тоа. Тој центар работеше од 1999-та до 2007-та, за жал, морав да го затворам, од една проста причина е затоа што донаторите во текот на работата бараа и поддршка од општината, која јас тогаш не ја добивав. Малкумина знат дека поради тоа што немав доволно средства бев принуден сам да заработувам, па така своевремено бев диџеј и од тие пари ја плаќав киријата. Центарот беше полн, се славеа родендени, се правеа едукативни работилници за сите деца, а децата со попреченост беа прифатени, во време кога беше чудно и непознато да се зборува за инклузивност – раскажува Михајловски. По затворањето на центарот целата опрема ја донирал во училиштето каде што и ден денес предава. Тој додава дека ова училиште е единствено во државата коешто има сообраќаен полигон за деца со посебни потреби во склоп на училишниот двор.
Михајловски оваа година одбележува 30 години кариера, а импонира и податокот што од првиот ден тој е учител во истото училиште во Свети Николе. Многу генерации минале пред неговите очи, горд е на успесите на неговите ученици кои денессе успешно реализирани во нивните животи. Идниот месец Михајловски ќе замине во Дубаи каде што можеби ќе го чуе своето име кога ќе биде прогласен за Најдобар наставник на светот. Оваа награда се доделува во организација на фондацијата „Варкеј“ (Varkey) во Лондон, со поддршка на УНЕСКО и „ГЕМСЕ едјукејшн“ (GEMSE Education).