Атмосферата во Велика Британија во врска со унгарското прашање е жешка. По враќањето на британскиот премиер Кир Стармер од Вашингтон многу работи се променија. Американскиот претседател Доналд Трамп секојдневно носи нови изненадувачки одлуки за многумина, па европските лидери одлучија да преземат посериозни чекори за прекинот на војната во Украина.
По одржаниот самит во Лондон каде беше предложен мировен план. Во меѓувреме Трамп излезе со веста за прекин на американската помош за Украина. По оваа одлука британската влада останува определена за помош на Украина и дека нема да го прекине тој континуитет кој трае од почетокот на војната, вели за „Слободен печат“ Жанета Скерлев, дописничка и колумнистка од Лондон.
– Државата ќе продолжи да одвојува три милијарди годишно за воена помош за Киев. Претходните ветувања стануваат дела, а тоа е дека 2,6 милијарди фунти од заробените асети на руските бизнисмени кои се блиски до Путин, ќе и бидат дадени на Украина. И кажаа дека околу 5. 000 проектили изработени во Ирска ќе му бидат пратени на Зеленски како помош – вели за „Слободен печат“ Жанета Скерлев. Европа е на крстопат, вели таа, но Стармер се обидува да ги држи двете страни за дијалог. -Сер Кир Стармер му се јави и на Трамп и на Зеленски, воедно тој како што и самиот вели сака да се постави како мост помеѓу Вашингтон и ЕУ – рече Скерлев. Зеленски е добредојден кај кралот, вели таа, но Трамп не е популарен кај Британците. -Откако Страмер го покани Трамп да дојде повторно во ОК, народот се налути, бура од реакции имаше за тоа дека Британците не го сакаат Трамп. Тие не сакаат да дојде повторно со оглед на тоа што неговата неодамнешна посета можеби помина протоколарно, но не и убаво, бидејќи луѓето овде не му се радуваа многу – вели таа. Интересно е, како што вели Скерлев, тоа што за првпат власта и опозицијата се согласни во нешто.– За првпат во историјата лабуристите и конзервативците се согласни по едно прашање. Во врска со Украина имаат идентичен став – вели Скерлев.