Автомобил се превртел на патот од скопско Ново село кон Волково, кој стои раскопан повеќе од година и половина, а жителите велат и дека е небезбеден. Засега не е позната состојбата на возачот и евентуалните патници, а возилото излетало од патот во приватен двор. Не е познато ни која е причината поради која возачот изгубил контрола над своето возило и излетал.
View this post on Instagram
Инаку, патот е раскопан откако таму се градеше атмосферска канализација од Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска рече дека го решава долгогодишниот проблем на граѓаните. Работниците завршија, но патот не беше вратен во првобитна состојба.
Објавата на градоначалничката дека гради канализација на патот кој сега е раскопан
За ваквата состојба на улицата која поврзува четири населени места со Општина Ѓорче Петров имаше низа реакции. Возачите на автомобилите избегнуваат да возат во делот каде патот е раскопан, па неретко, кога се разминуваат со поголеми возила патот станува тесен, е можноста да несреќа – голема.