Со ова видео ви ја доловуваме атмосферата од последниот настан на Академијата за жени-претприемачки (AWE Closing and Award Ceremony) на која беа наградени најуспешните бизнис планови на учесничките во проектот. Со овој настан се заокружи неколкумесечната програма во која 40-тина жени се едуцираа за развој и водење на бизнис, како и разработка и пишување на бизнис планови.