8.8 C
Скопје
30/01/2025 07:53
МАКТЕЛ

   

(Видео) Ангеловски: Постои опасност да останеме без храна во маркетите

     

„Ние имаме земја каде што симболот на нашето знаме е сонцето. Во светот во овој момент ако во нешто се инвестира се обновливите извори на енергија. Ние наместо да развиваме квалитетно земјоделство, ние инвестираме во обновливи извори, ама на земјоделско земјиште за да останеме без храна. Таму каде што треба да инвестираме за сопствени потреби на домаќинствата, тоа не го правиме“, вели Ангеловски. „ЕУ не дозволува земјоделското земјиште, кое треба да служи за производство на храна, на пример кочанско, штипско, битолско, пелагониско, во нашата најголема житница, да се случува масовно да се инсталираат фотоволтаични системи, а од друга страна да им забранувате на домаќинствата да инсталираат на нивните домови. -На тој начин дополнително го упропастуваме земјоделското земјиште и сето ова доведува до еден логичен заклучок дека ако продолжиме со ова темпо да не не зачудува дека можеме да дојдеме во ситуација да останеме и без храна или од ден на ден количините на наша домашно произведена храна да се намалува.

-Истото се случува со виното. Количината на грозје од година во година се намалува, вели за „Трилинг“, претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски, говорејќи околу податокот дека во последнава декада се одобрени неколку стотици милиони субвенции во аграрот, а притоа имаме над 65% необработливо земјиште како и една милијарда увоз на храна годишно. Ангеловски додава и дека од страна на државата и од одредени државни функционери во изминатиот период, за жал, се мотивирало инсталација на обновливи извори на енергија на земјоделско земјиште.

Фото: Трилинг / Трајан Ангеловски

   

Околу можна спрега помеѓу партиските врхушки и неконтролираните фармери и трговци, Ангеловски вели дека корупцијата и криминалот во нашата земја е на прилично високо ниво и најголема последица зошто ние економски не растеме веројатно се должи на таа спрега. „Не очекувајте криминал од некој мал трговец. Криминалот и корупцијата се случуваат на највисоките позиции, каде вие имате можност со еден потпис, со едно климање на глава или со една едноставна одлука да се доделуваат тендери“, смета Ангеловски. Најголемите болки во нашето економско живеење, според Ангеловски се бирократијата, спорите процедури и тенденциозно негативно толкување на законите. „Некогаш се носат европски закони, текстот и преводот се европски, а примената е балканска или македонска, вклучително, ќе видиме како ќе биде и со Законот за нефер трговски практики. Таму има одреден круг на производи каде што треба да се елиминираат одредени бариери, треба да се толкува и веднаш се излезе со квази толкувања надвор од економската логика, но ние ги охрабруваме институциите да ги применуваат законите на најдобар можен европски начин. Говорејќи за евентуалната спрега во криминалот помеѓу газда – извршна власт – судии, Ангеловски вели дека судството ни е на најниски можни граници. „Коорпоративното искуство говори дека ако влезете во судските лавиринти ретко кога вие може да ја добиете таа загарантирана правда, да го одбраните капиталот. Така што тука дефинитивно ни треба длабока реформа. Држава без судство мислам дека е нешто нефункционално“, потенцира Ангеловски. Околу тоа дали можеме како економија да стигнеме до раст од 3,7% и отплаќањето на надворешниот долг кој е релативно висок, првиот човек на ССК вели дека се што гледаме како економски раст, а почнува на три, на два, на еден, е еднакво на нула. „За македонскава економија такви стапки на раст воопшто немаат никакво влијание. 3% ништо не мораме да правиме, само да купуваме во маркетите ќе имаме толкав раст. За оваа економија се што е над четири, пет, шест, седум проценти ние ќе можеме да го почувствуваме и ќе може да се види – преку изградба на квалитетна инфраструктура, нови економски капацитети, се останато. Повторно ќе нагласам – ние сме последни во нашиот регион, а нашиот регион е економски еден од најзаостанатите во Европа. Но јас сѐ уште верувам дека можеме да бидеме економски „тигар“ во регионот, вели Ангеловски. „Ние имаме земја каде што симболот на нашето знаме е сонцето. Во светот во овој момент ако во нешто се инвестира се обновливите извори на енергија. Ние наместо да развиваме квалитетно земјоделство, ние инвестираме во обновливи извори, ама на земјоделско земјиште за да останеме без храна. Таму каде што треба да инвестираме за сопствени потреби на домаќинствата, тоа не го правиме, додава Ангеловски. Во однос на царинските тарифи Ангеловски вели дека ние се однесуваме како да сме остров на Атлантскиот океан. „На дневна база наши граѓани пазарат во маркетите во Грција, Бугарија, Србија, затоа што за одредени ставки цените во тие маркети се пониски. Колку губиме ние во однос на ДДВ, што таа стока не е купена во наши компании, маркети. Треба да го смениме концептот на функционирање, било која влада да е. Нас ни треба нов правец на делување, смета Ангеловски. „Секоја година ние имаме буџетски дефицит. По целата економска логика која постои во светот, една година треба да имаш буџетски дефицит, ама следната логично е да имаш буџетски суфицит, па до вратиш оној дефицит од минатата година. Ние 30 години имаме буџетски дефицит. Дали е тоа оддржливо? Дали има логика да се постапува на тој начин? Сите ги плаќаме даноците а зошто да не биде нула – нула. Зошто ние не се трудиме да имаме суфицит во буџетот. Не знам каде завршувале средствата. Тоа е прашање за ноки кои биле министри и веројатно Државниот ревизор може да објасни каде завршувале парите. Тука ќе видите – на почнати проекти, но незавршени, на платени камати за нешто што не се гради и никој не одговора во оваа држава“, вели Ангеловски.

Фото: Трилинг / Трајан Ангеловски

„Во однос на цените и движењето на цените особено ако е таргетот на прехранбените производи, ние во повеќе наврати сме сигнализирале дека цените во нашите маркети, не поради самите маркети, поради поставеноста на самиот пазар се на високо ниво. Зошто? Прво имаме енормно намалено домашно производство на многу прехранбени производи – дали станува збор за житарици, за месо, за млеко… Во најголем дел се потпираме на увоз на овие производи, а последна точка од оваа реченица е дека имаме едни од највисоките царински стапки и на крајот на денот цените во нашите маркети се можда едни од највисоките во регионот, повисоки и од нашите соседи, вели Трајан Ангеловски околу растот на цените во маркетите и зошто коморите немаат реагирано на ова поле во изминатиот период. Тој додава дека нашите институции мора да го реформираат пазарот. Околу владината мерка за замрзнувањето на цените на прозводите Ангеловски потсети дека кога министерството ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот, маркетите скоро и да останаа празни. „Веројатно увозниците увезувале по нереално ниски цени или по фингирани цени, министерството ги замрзна цените на тоа ниво според документите кое е веројатно нереално и маркетите останаа празни. Фали сериозен надзор од надлежните институции како Царинската управа и реформа на царинската тарифа. Мора нашите царински стапки да бидат конкурентни и на исто ниво со останатите земји од нашето соседство и од европските земји. Неможеме ние да имаме енормно високи царински стапки кои ќе претставуваат мотив за овие економски оператори да се занимаваат со нивно избегнување. Значи мора да бидат постаавени на реално ниво, за да им овозможат на компаниите конкуренција помеѓу нив и ние на тој начин да добиеме производи по конкурентни цени“, смета Ангеловски. Институциите во оваа земја во нивниот опис на задачи кои треба да ги извршуваат не им е само собирање на даноците, вели Ангеловски, туку овие институции треба да инвестираат во сопствената економија и да ги поддржуваат економските оператори се со цел во следниот временски период да можат да соберат адекватни даночни приходи од истите тие компании. „Тоа значи дека онаму кадешто евентуално е детектирано дека има злоупотреба ги охрабруваме институциите да си настапат и да ја утврдат таа злоупотреба, но најголемиот дел од компаниите работат според законските прописи и мислам дека нивната поддршка мора да продолжи во следниот временски период“, смета Ангеловски. Говорејќи за унгарскиот кредит, Ангеловски смета дека истиот како почетна точка за инвестирање е исклучително поволен по неколку основи. „Тоа е неговата рочност која е на 15 години, каматната стапка која во овој момент е помеѓу најниските. За жал, македонската економија во сите овие години наназад има најниски стапки на раст во однос на сите останати земји од нашето соседство. Ние мора да се обидеме на активен начин да го промени ова и нашата економија да стане една од најбрзо растечките. Тоа е во интерес на сите нас. Не е во интерес само на компаниите, тоа е во интерес на македонската економија и е во интерес на македонската држава. Тоа е стратешко државно прашање“, додава Ангеловски. Ова е само дел од разговорот со првиот човек на Сојузот на стопанската комора, Трајан Ангеловски. Целото интервју дадено за „Трилинг“ погледнете го во видеото.

 

Најново

ДУРИ 200 КОМПАНИИ ПОТПИШАА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ СКРАТЕНИ РАБОТНИ НЕДЕЛИ: Ова би важело за сите вработени, а 30 фирми веќе работат само 4 дена во неделата

Sase Ivanovski

Македонски државјанки, во договор со моден креатор кој престојува во Франција, се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти

Sase Ivanovski

Кога Македонија ќе стане најбогата на Балканот

Sase Ivanovski

Украдени четири романски древни артефакти што биле позајмени на холандски музеј

Sase Ivanovski

ПОЧИНА СЛИКАРОТ И РЕЖИСЕР КОЛЕ МАНЕВ

Sase Ivanovski

Комеморативна седница за Коле Манев во Даут-пашин амам

Sase Ivanovski

Почина моќен саудиски принц

Sase Ivanovski

Мицкоски контра Камбовски: Нелогично е тој што избира да не може да отповика членови на Судскиот совет

Sase Ivanovski

Во Центар четири малолетнички тепале врсничка и снимале, па споделувале на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

ВО ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИМЕ ВО СИСТЕМОТ НА ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА Трошоците на банките ќе се намалат за 12 пати

Sase Ivanovski

НАМЕРНО НЕ РАСПИШАЛ ТЕНДЕР ЗА СЕРВИСИРАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИТЕ ВОЗИЛА Кривична пријава за екс помошник министер во МВР

Sase Ivanovski

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ КАЈ КРИВА ПАЛАНКА-ДЕВЕ БАИР Расчистен е магистралниот пат А2

Sase Ivanovski

ГИ БЛОКИРАЛ СО 2 ВОЗИЛА ЗА ДА НЕ СВЕДОЧАТ ПРОТИВ НЕГО Уапсено лице од виничко Јакимово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МЕРИЛ СТРИП ДОЖИВЕАЛА ХОРОР БЕГАЈЌИ ОД ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Актерката морала да исече огромна дупка во оградата за да си го спаси животот

Sase Ivanovski

СКОПЈАНКА ИЗМАМЕНА ЗА 3.200 ЕВРА Ѝ рекле дека мора да плати за ќерка ѝ да не оди во затвор

Sase Ivanovski

Чупеска: Работа на владата е да ги заштити граѓаните за да не дојде до бојкот

Sase Ivanovski

Чупеска: Советниците на премиерот Мицкоски значат уште поголемо влијание на Груевски во Владата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски најави контрола на работата на маркетите, Николоски во работна посета на Косово, „Македонско село” повторно е атракција, ќе се подобрува правната рамка за квалитет на воздухот

Sase Ivanovski

Димовски: Нова инвестициона ера, Македонија привлекува рекорден број на странски инвестиции

Sase Ivanovski

РУСИТЕ ГО ЗАЗЕДОА КЛУЧНИОТ ГРАД ВО ДОЊЕЦК? Украинците се истуркани во предградијата на Часив Јар

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ПРОЦЕНУВА МОЖНОСТА ЗА ГРАДЕЊЕ НА ПАТОТ ТЕТОВО-ПРИЗРЕН Николоски во Приштина разговараше за обнова на железничкото поврзување

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ЖИВЕАТ ВО НЕВОЗМОЖНИ УСЛОВИ НА КОСОВО Вучиќ побарал разбирање од Лондон за ситуацијата

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Турција, Фуат Октај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да шири демагогија и раскажува политички теории Чупеска нека си ги среди проблемите во СДС и нека почне да работи на консолидација

Sase Ivanovski

Илијанчо Гаговски за проектот за Ал Старгејт проценет на 500 милијарди долари

Sase Ivanovski

Шпанскиот премиер сака да ги направи „социјалните мрежи повторно одлични“

Sase Ivanovski

Дарко Костовски: КАМБАНАРИЈАТА НА СМИЛКОВСКО ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО ВЕЛИГДЕН !.

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче да си земе нови советници зошто не виделе дека вчера премиерот одговори за Додик

Sase Ivanovski

Морати за ТВ Н1: Српската влада нема капацитет да одговори на барањата, ЕУ без реакција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛАДНО КУЧЕ НА ГАЗДАРИЦАТА И ЈА ТРЕСНА ОД ГЛАВА ПРАЗНАТА ЧИНИЈА

Sase Ivanovski

Брифинг за војната во Украина: Путин одбива директни преговори со Зеленски

Sase Ivanovski

Протестите за задржување на европскиот правец зачинети со антизападна пропаганда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најавена најнадежната идна Soulslike RPG игра: Phanthom Blade Zero

Sase Ivanovski

Федерален судија привремено го блокира замрзнувањето на федералните грантови и заеми од администрацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Новиот кинески модел за вештачка интелигенција DeepSeek е на радарот на националната безбедност на САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски до новинар: Ќе ве повикаат органите ако не кажете кои маркети ги зголемуваат маржите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГОСТУВАЊЕТО И НАСТАПОТ НА МИЛОРАД ДОДИЌ ВО СКОПЈЕ Е ХИБРИДЕН НАПАД ПРОТИВ ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

Ревизија на ПИОМ: Една третина од пензиите непокриени, податоците на граѓаните небезбедни

Sase Ivanovski

Анкета: 85 отсто од граѓаните на Гренланд не сакаат да бидат дел од САД

Sase Ivanovski

Десетици загинати во гужва и стампедо на фестивалот Кумб Мела во Индија

Sase Ivanovski

Од денеска најавени контроли во супермаркетите, трговците продолжуваат со високите цени

Sase Ivanovski

Олаф Шолц го одби повикот за реформа на германските гранични закони и го одбрани правото на азил

Sase Ivanovski

Министерството за дигитална трансформација организираше симулациска вежба за зајакнување на сајбер безбедноста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЧНА ДИКТАТУРАТА ВО АМЕРИКА: Новинарот Џим Акоста, главен критичар на Трамп доби отказ од ЦНН

Sase Ivanovski

Герасимовски: 120 хигиеничари активирани во чистењето на Центар, акцијата продолжува и утре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Додик во Скопје испрати опасни пораки, Владата молчи

Sase Ivanovski

Герасимовски: Телефонски пријави смет и дива депонија, нашите служби ќе се погрижат за хигиената

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каранфилова-Пановска: Бојкотот на маркетите е бунт на граѓаните поради пропаднатите политики на власта

Sase Ivanovski

„Пари, медиуми и избори“ – претставници на ИФЕС ги презентираа пред членови на КЕП наодите за државното финансирање во земјава

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: Додека ние се расправаме за тоа кој е поголем македонски или албански патриот, ги оставаме нашите сограѓани полека да умираат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Мизрахи и ДПМНЕ се фатени со криење документи за Онкологија, обвинителството да постапи

Sase Ivanovski

Уште една нова градинка во Гостивар, се делат 10 нови вработувања

Sase Ivanovski

Лимани во посета на Гостивар: Соработката со општините е клучна, ги прошируваме капацитетите на градинките и обезбедуваме нови вработувања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Средбата на претседателот Гаши со новоименуваниот италијански амбасадор Палминтери.

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е Ами Ларсон Џаин

Sase Ivanovski

Жителите ќе се спасат од руината пред нивните домови, центарот на градот ќе се „збогати“ со уште една зграда

Sase Ivanovski

Лишени од слобода крадци во Пробиштип

Sase Ivanovski

ТОП ТЕМА: Дали власта одбра страна кога и ресорното министерство наместо мерки, праќа поддршка за бојкот?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата се фокусира на економски раст, 250 милиони евра за компаниите стануваат оперативни, рекорден откуп на тутун, се зајакнува системот на јавните набавки

Sase Ivanovski

Ивона Кузмановиќ: Прилеп нема мерни станици за да го измерат енормно загадениот воздух

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА НАПРАВИ ПЕТТА СМЕНА НА ДИРЕКТОР ВО КОМУНАЛНА: Новиот го подржува УЧК, им ги чкрта лицата на Стево и Гордана, бојкотира „КАМ“ и „СТОКОМАК“

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор ќе биде испрашуван во Сенатот за ставовите за вакцините и абортусот

Sase Ivanovski

Меѓународна канцеларија на ЛДП: Додик да се стави на црна листа во Македонија

Sase Ivanovski

Лекарот Игор Николов член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и советник на премиерот за здравство предложен за амбасадор во Франција

Sase Ivanovski

За Тинекс и Веро премиерот Мицковски најави ригорозна контрола

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен помошник министер и раководител во сектор за набавки во МВР за злоупотрена на службена положба

Sase Ivanovski

Републиканка во Конгресот предлага да се додаде портретот на Трамп на планината Рашмор

Sase Ivanovski

Касами: Не може во министерство да се прима човек кој е на црната листа на САД

Sase Ivanovski

Трамп: Маск наскоро тргнува по двајцата астронаути кои администрацијата на Бајден ги заборави на МВС

Sase Ivanovski

(ФОТО) Елмас во Италија да ја комплетира позајмицата во Торино

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ размислува за пензија: Татко ми ме поттикнува да ја завршам кариерата!

Sase Ivanovski

Силувано 12-годишно девојче во Валандовско, поведена истрага

Sase Ivanovski

ДУИ: Оставка од министерот за економија и итни мерки против растот на цените

Sase Ivanovski

Првата затворена спортска сала во Пинтија ќе биде готова до крајот на февруари

Sase Ivanovski

Левица поднесе Предлог – закон за укинување на двојазичните декларации на производите

Sase Ivanovski

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28. членка на ЕУ

Sase Ivanovski

Продолжен притворот на 10-те уапсени поради падот на настрешницата во Нови Сад

Sase Ivanovski

Голф на аеродромот во Берлин веќе една година е паркиран, сметката надмина 200.000 евра

Sase Ivanovski

Напад со дронови ја запали рафинеријата Лукоил-Нижегороднефтеоргсинтез во руската област Нижни Новгород

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Малку хумор-Доктор: 700е за живот се работи

Sase Ivanovski
Вчитувам....