Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, Обвинителството на БиХ ги товари за сторено кривично дело „напаѓање на уставниот поредок“. Обвинителството на БиХ издало наредба за апсење на правосудната полиција и побарало помош од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, како и од Државната агенција за истраги и заштита, СИПА.
Директорот на правосудната полиција на Република Српска, Жељко Драгојевиќ изјави дека на Судската полиција на Република Српска не ѝ е издадена наредба. Ова е во надлежност на СИПА и Судската полиција на Судот на БиХ, велат од таму. По нивното одбивање Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) соопшти дека добила наредба од Судската полиција на Судот на БиХ да помогне во апсењето на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, Помош се бара за апсењето на Додик, како и на неговите соработници Радован Вишковиќ, премиер на РС и Ненад Стевандиќ, претседател на Народното собрание на РС. Процесот го води Обвинителството на Босна и Херцеговина, кое го истражува кривичното дело напад на уставниот поредок.
Обвинителството на БиХ претходно го повика Додик на распит како осомничен за напад на уставниот поредок. Претседателот на РС, Милорад Додик претходно изјави дека нема да одговори на повикот за распит. Националното собрание на РС усвои четири закони, а Додик потоа потпиша декрети за нивно објавување. Станува збор за Законот за непримена на законите и забраната на дејноста на вонуставните институции на БиХ. Законот за Високиот судски и обвинителски совет на Република Српска, Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска и Законот за Специјалната јавна организација-профитна организација и регистар. Овие закони, меѓу другото, забрануваат работа на Судот и Обвинителството на БиХ, но и на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на територијата на РС. Уставниот суд на БиХ привремено ги суспендираше овие закони.
Целата анализа во видеото погоре во текстот.