Скопската градоначалничка – Данела Арсовска денеска излезе на терен во општина Чаир и таму обвини дека се гради дивоградба. Таа целиот настан го објавуваше во живо на својот Фејсбук.
– Во општина Чаир, спротивно на закон си почнале нова дивоградба. За жал до моментов не реагира МВР. Го повикуваме министерот Панче Тошковски да реагира, но и Стојанче Ангелов да ги види овие необезбедени дупки. Да излезе на лице место и да каже дали има „сејфти фрст“. Направен е сериозен ископ и отпочната градба.
Општина Чаир ја нема никаде, нормално „принцезата на дивоградбите“ го нема никаде и тој не знае што се случува во општината. Без никаква дозвола, нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниту документ кој што ќе гарантира сигурност – вели Арсовска во видеото. Како што рече градоначалничката, дивоградбата нема потпорен ѕид, се наоѓа во близина на основно училиште и на само неколку метри до Центар за едукација и работа со деца.