Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска откри нова, незаконски легализирана изградена зграда во Чаир.
Таа нагласи дека во 10 скопски општини не се градат незаконски згради, а тоа единствено се случува во Чаир. Притоа Арсовска на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу му порача „Висар, дечко, те чекаме да дојдеш, имаш направено фалсификат при легализација“. „Си извршил легализации спротивно од закон, да објасниш како си ги впишал во Катастар, а од Град Скопје сите твои барања се одбиени. Ти си поднесувал фалсификувани одобренија од Град Скопје до Катастар, криминалецу, што цело време ми се закануваш. Ниту една ваква дивоградба нема во ниту една скопска општина, само Чаир вака си легализира со фалсификувани документи. Ти си лопов и криминалчуга. Дојди на главна каса, те чакам. Викаш оваа зграда се изградила во 2011 во фалсификуваните документи, а таа уште се гради“, рече Арсовска