Експлозија на бомба, која според полицијата била од домашна изработка, синоќа ја стресе Атина. Според властите, два медиума во грчкиот главен град половина час претходно добиле анонимна дојава дека ќе биде активирана бомбата пред седиштето на „Грчки железници“. По ова, веднаш биле преземени безбедносни мерки и зградата била евакуирана.
На мрежите се појави снимка од моментот на експлозијата, забележана од безбедносна камера:
Досега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата. Грчките железници се под силен притисок од јавноста за одговорност по трагедијата од 2023 година, кога во најтешката железничка несреќа во историјата на Грција загинаа 57 луѓе, главно студенти. Несреќата предизвика силни реакции и масовни протести, а граѓаните ја сметаат за симбол на децениско занемарување на железничкиот систем и на неуспехот на грчките институции да обезбедат сигурност на граѓаните.