Во поткастот „Каде се парите“, Борис Гергиевски од Дојче Веле објаснува зошто изборот на новиот канцелар во Германија претставува преседан и што значи тоа за цела Европа. Како оваа политичка нестабилност влијае на економскиот мотор на ЕУ и што значи за македонската економија? Слушнете детална анализа од Борис, кој долги години ги следи германските и европските процеси.
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате. Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.
View this post on Instagram